Анкетата на „Телеграф" покажала дека на 8 јули денот по освојувањето на Вимблдон, 78% од жителите на Велика Британија на Фејсбук и Твитер го изразиле своето задоволство, а 70% истото го направиле по затворањето на минатогодишните Летни Олимписки игри кои се одржаа во Лондон.
Покрај историскиот триумф на шкотскиот тенисер кој по пауза од 77 години на Велика Британија и донесе титула на најпрестижниот Гренд слем турнир во светот, на доброто расположение на Британците влијаела победата на рагби селекцијата која ја победила Австралија, како и убавото време и раѓањето на „кралското бебе".
Економските аналитичари направија анализа дека овие позитивни настани во земјата, можат да помогнат и за зголемувањето на продуктивноста за 9%, како и економски раст од 27 милиони фунти.