Аргентинскиот тенисер можеше многу лесно да заработи тешка повреда на денешното четвртфинале на Вимблдон и да се збогува од турнирот откако се изнализга на тревната подлога, но и покрај оваа несреќа тој успеа да се спаси.
Лизгањето на тенисерите на годинашниот Грен Слем во Лондон е постојана тема на разговор, а Хуан Мартин Дел Потро не само што храбро го издржа овој незгоден пад, туку и успеа да го продолжи натпреварот против Давид Ферер и да го совлада со 3:0.