„Играв против Новак, Рафа и Роџер кога беа во најдобра форма. Надал и Федерер имаат слабости, Ѓоковиќ нема. Новак за мене е најдобриот во историјата“, изјави во едно интервју Хуан Мартин дел Потро.
Прошталниот натпревар на Хуан Мартин дел Потро, донесе многу емоции и за него, но и за Ѓоковиќ. Но во Буенос Аирес имаше и забавни моменти, благодарение на талентот на Србинот за имитирање.
Хуан Мартин дел Потро кој за 10 дена полни 36 години и кој во 2009-та во финалето на УС опен го победи Федерер, сними видео со кое го најавува својот проштален натпревар, кој ќе го одигра во Буенос Аирес на 1 декември. Во видеото се појавува и неговиот пријател кој го покани како гостин.
Од Мастерсот во Рим главно видео беше невиденото дивеење на Ник Кирјос кој синоќа за време на својот меч кршеше рекет, фрли столче на сред терен и се караше со присутните. Сликата ја исправи секогаш одличниот спортсмен Хуан Мартин Дел Потро.
Ги преброди сите проблеми и четирите операции на рачните зглобови и одново е стариот добар Делпо, човекот кој ќе се бори со Рафаел Надал за големото финале на Ролан Гарос.
Во 116-годишната историја на тенискиот Дејвис Куп, Аргентина одигра пет финалиња и синоќа за првпат ја крена познатата „салатара“ како најдобра тениска репрезентација на светот. Херој на Аргентинците кои по првите два дена губеа 2:1 беше Хуан Мартин дел Потро кој со скршен прст го победи Марин Чилиќ после пресврт. Аргентинците ја исполнија Арената во Загреб и навиваа како на фудбалски натпревар.
Еден од најомилените спортисти во Аргентина, Хуан Мартин дел Потро важи за голем патриот од кого неговите сонародници очекуваат да им ја донесе долго очекуваната титула во финалето на Дејвис Купот. Од другата страна ги чекаат Марин Чилиќ и преполната Арена во Загреб.
Човекот кој после две сериозни повреди се врати на терените, одигра маестрални Олимписки Игри каде стана вицешампион, не можеше да ги сопре емоциите на УС Опен и се расплака на мечот против Станислас Вавринка
По синоќешниот пораз од Аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро (7:6, 7:6), целиот свет можеше да види како изгледа кога на најдобриот му се сруши целиот свет.
После 11 месеци, Хуан Мартин Дел Потро се врати на тениските терени. Синоќа го победи Денис Кудла со 2:0 во сетови, и ниту во еден момент не се забележа дека паузирал долго поради операција на зглобот. На крајот од мечот израдува и еден млад аргентински навивач (ги имаше илјадници на мечот).
Освојувачот на Отвореното првенство на САД од 2009-та година, Аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро има сериозни проблеми со опремата. Му останаа само уште два тениски рекети во екот на Гренд слем турнирот во Австралија.
На тениските терени често гледаме удари од меѓу нозе, но овој пат Аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро со ваков удар успеа да го лобува и да му земе поен на Николај Давиденко.
Аргентинскиот тенисер можеше многу лесно да заработи тешка повреда на денешното четвртфинале на Вимблдон и да се збогува од турнирот откако се изнализга на тревната подлога, но и покрај оваа несреќа тој успеа да се спаси.