Емотивни сцени во Буенос Аирес со Дел Потро и Ѓоковиќ

Дојде крај на една голема тениска приказна со несреќен крај. Хуан Мартин дел Потро и официјално се повлече.

36 годишниот двометраш го одигра последниот натпревар во кариерата во Буенос Аирес, а публиката во број од 15.000 имаше можност да го гледа против Новак Ѓоковиќ.

Неговиот голем пријател допатува специјално во Јужна Америка после обврските во Катар за да биде дел од неговиот проштален натпревар, кој Дел Потро го доби со 6:4 и 7:5.

Последниот поен на последниот танц на Аргентинецот заврши со прегратка и солзи на лицата кај двајцата, кои ривалството го претворија во убаво пријателство. 

Дел Потро имаше многу тешки повреди кои не му дозволија да направи врвна кариера и остана на само една Гренд слем титула, онаа на УС опен во 2009-та.

Заминува во пензија со вкупно 22 АТП титули што е одлично, ако се знае колку често беше повреден, а најдобрата позиција на АТП листата му беше третото место во 2018 година.

Против големата четворка има 20 победи и 51 пораз и тој еден ретките со минимум три победи против секој од нив.

Најдобар скор има против Федерер (7 победи и 18 порази), потоа против Нада (6-11), против Ѓоковиќ (4-16), а против Мареј (3-7).

„Не сум трчал од мојата 31-ра година. Не можам да се искачам на скали, да удрам топка. Секое утро земам 6-8 апчиња за болка и анксиозност. Се надевам дека еден ден ќе заврши, се што сакам е живот без болки“, изјави Аргентинецот.

Дел Потро ќе се памти како тенисерот со најсилен форхенд во модерниот тенис, а последниот официјален меч во кариерата го имаше на почетокот од 2022 година.

2 декември 2024 - 08:49