Сонот за прошталниот меч на Дел Потро со Ѓоковиќ ќе се исполни

Хуан Мартин дел Потро кој за 10 дена полни 36 години и кој во 2009-та во финалето на УС опен го победи Федерер, сними видео со кое го најавува својот проштален натпревар, кој ќе го одигра во Буенос Аирес на 1 декември. Во видеото се појавува и неговиот пријател кој го покани како гостин.

„Имам еден сон. Мојот последен натпревар сакам да го одиграм во Аргентина и би сакал да дојдеш. Ме зезаш? Секако дека ќе дојдам. За тебе и за Аргентина. Секако“. 

13 септември 2024 - 15:22