Речиси час и половина Николас Алмагро (31) и Хуан Мартин Дел Потро (28) го удираа топчето во второто коло на петтиот ден од Ролан Гарос, а потоа мораа да застанат.
Застана и целата публика која сведочеше неверојатен момент.
Шпанецот Алмагро поради повредата на коленото (ни самиот не знае која по ред во кариерата) беше принуден да го предаде дуелот на почетокот од третиот сет.
Тоа толку тешко му падна на Алмагро кој како да беше свесен дека склоноста кон повредите му е поголема од неверојатниот талент, па гласно почна да плаче колку го држи глас. Потресна сцена, особено моментот кога Дел Потро прв дојде да го утеши и да му даде поддршка. Аргентинецот и самиот знае колку е тешко кога повредата е посилна, па двајцата се гушнаа братски.
На прес-конференцијата после мечот, Делпо изјави дека му кажал на Алмагро да мисли на семејството и на новородениот син.