Репрезентацијата на Аргентина во последниот тениски викенд годинава, во Загреб ќе се игра против Хрватска за својот прв Дејвис Куп. Со Давид Налбандијан беа близу да го освојат, но никогаш не успеаа.
Аргентинците се рекордери по учествата на финалните турнири без победа - имаат четири финалиња на ДК без трофеј. Во 116-годишната историја на овој Куп само две репрезентации покрај Аргентина (Индија и Романија) одиграле повеќе од едно финале без да го кренат пехарот.
За Аргентина во следните три дена ќе настапат Хуан Мартин дел Потро, Федерико Делбонис, Гидо Пеља и Леонардо Мајер. Противници ќе им бидат се подобриот Марин Чилиќ, Иво Карловиќ, Иван Додиг и Франко Шкугор коишто ќе се обидат да и го донесат на Хрватска вториот Куп (2005).
Од 14:00 часот денес Марин Чилиќ отвора против Федерико Делбонис. Така одлучи ждрепката која што ја влечеше градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ.
Сите неуспешни финалиња на Аргентина:
1981
Синсинати, САД
САД - Аргентина - 3:1
Во првото финале за Аргентина на Дејвис Купот играле Гиљермо Вилас којшто таа година играл во врвна форма и Хозе Луис Клерк на кого истата сезона му била најдобра во кариерата. Но од другата страна ги чекала непремостива пречка - Џон Мекинро, тогаш актуелен шампион на Вимблдон и УС Опен.
Првиот ден завршил израменто (победиле Мекинро и Клерк. Вториот ден Мекинро и Питер Флеминг славеле 11:9 во дубл а во последниот ден Мекинро и ја донел на САД 27-та титула во Дејвис Купот, тогаш трета во четири години.
2006
Москва, Русија
Русија - Аргентина - 3:2
25 години подоцна, Аргентинците повторно загубија во финалето иако во четвртфиналето ги совладаа Хрватите кои тогаш беа актуелни шампиони. Во Москва Русите играа со Сафин, Турсунов, Давиденко и Михаел Јужњи, а овие тенисери два месеци порано ги совладаа САД.
За Аргентина војувал Давид Налбандијан кој ги совладал Сафин во првиот ден и Давиденко во последниот ден. Во парови Налбандијан и Калери загубиле од Сафин и Турсунов а во последниот меч Марат го победил Хозе Акасусо за голема титула за Русите.
2008
Мар дел Плата, Аргентина
Шпанија - Аргентина - 3:1
Аргентинците им вратиле на Русите за поразот откако ги совладале во полуфиналето во 2008-ма пред домашна публика. Новото финале кога целата земја очекуваше да се донесе трофејот затоа што не играше повредениот Рафаел Надал (го замени Марсел Гранољерс) го играа во Мар дел Плата.
Налбандијан отворил со победа за Аргентина, а потоа Дел Потро драматично загубил од Фелисијано Лопез но и се повредил поради што веќе не се враќал на теренот тој викенд. Налбандијан загубил во саботата во парови со Калери а во неделата морал да гледа како Акасусо губи 2:1 од Фернандо Вердаско.
Од тогаш датира и конфликтот меѓу Налбандијан и Дел Потро во кој првиот го обвинил вториот дека не го интересира репрезентацијата и на крајот за малку не се степале.
2011
Севиља, Шпанија
Шпанија - Аргентина - 3:1
Во полуфиналето таа 2011-та Аргентинците ја совладаа Србија која што беше актуелен шампион со двајца играчи од Топ 15: Јанко Типсаревиќ и трократниот Гренд Слем шампион таа година, Новак Ѓоковиќ.
Откако обезбедија финале, Аргентинците во Севиља ги чекаше дерби против Надал, Ферер, Лопес и Вердаско, дружина од Топ 25 на ранг листата.
Дел Потро на теренот минал пет сета со Ферер и четири со Надал но ги загубил и двата меча, така што единствениот поен кој им го донел Налбандијан во саботата бил единствен.
2016
Загреб, Хрватска
Аргентина - Хрватска - ?
Аргентинците никогаш во историјата не загубиле од Хрватска и водат со 3:0 во меѓусебните дуели. Дел Потро во главниот град на Хрватска изјави дека и покрај тоа тие не се фаворити.
Финалето започнува денес во 14:00 часот кога ќе се сретнат Чилиќ и Делбонис, а во вториот дуел Дел Потро ќе оди на страшниот сервер и ветеран Иво Карловиќ.
Во Загреб синоќа слета и Марадона кој од трибините ќе ја бодри својата земја. Бил лут што го пречекале толку новинари, а аргентинските новинари рекле дека не сакаат кога доаѓа и тој затоа што секаде настанува метеж и хаос од негови обожаватели: