Сезонава Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро е еден од најдобрите во машкиот тенис. Делпо се врати во Топ 10 рејтингот, во март во Акапулко ја оствари можеби најнеобичната победа во кариерата - втор пат во својот живот совлада тројца тенисери од Топ 10 на еден турнир.
А потоа на Индијан Велс го освои својот прв Мастерс откако во финалето го победи Роџер Федерер и победничката серија му стигна до 15 триумфи по ред.
Сезоната на земја не почна добро по Делпо зошто изгуби во Мадрид а во Рим не се појави поради повреда на препоната. За тоа време имаше сомнежи дали воопшто ќе настапи на Ролан Гарос и во последен момент Дел Потро решил да игра.
Во Париз Хуан Мартин изгуби само два сета и првпат од 2009 година стигна до полуфинале. После победата над четвртиот рекет на светот Марин Чилиќ, Делпо заплаче: „Бев близу одлуката да го напуштам спортот и сега немам зборови за да го опишам овој момент“, низ солзи збореше Аргентинецот.
"It’s tough to speak now. I don’t have any words to describe this moment. It’s so good for me, for my team, for my family."@delpotrojuan #RG18 pic.twitter.com/e0xVfSZiE0
— Roland-Garros (@rolandgarros) June 7, 2018
Дел Потро по фантастичниот тенис од 2010 до 2015 мораше да оди на дури четири операции поради повреди на зглобовите (една на десниот и три на левиот).
***
Хирургот Ричард Бергер утврдил дека еволуцијата на тенисот станала посебно ги загрозува рачните зглобови на играчите. Новите технологии за производство на рекети ги прават ударите се посилни и посилни и тоа го зголемува оптеретувањето на зглобовите и нивните лигаменти.
Ако порано карактеристична повреда беше „тенискиот лакт“ сега може да се зборува за „тенискиот зглоб“.
Дел Потро важи за моќен тенисер висок два метра и мошне долги раце кои му овозможуваат силен замав со рекетот. Минатогодишниот полуфиналист на Вимлдон Сем Квери, кој важи за еден од најдобрите сервери на светот го спореди Дел Потро со огромна мелница.
Дел Потро при ударот на топчето се труди помалку да го користи зглобот и во време на замавнувањето ја држи главата подалеку од рацете.
Покрај техниката, клучен елемент во неговиот систем е карактерот. Аргентинецот е природен тенисер. Тој игра зошто сака да игра и не се гледа себе во поинаков живот. После третата операција на левата рака, Дел Потро паднал во депреија. Не му помагале ни разговори со семејството и пријателите, ниту скара во природа, ниту чај мате и „Симпсонови“.
Хуан Мартин доби голема поддршка од целата јавност а посебно од Федерер, Ѓоковиќ, Лионел Меси и Серхио Агуеро.
Проблемите со зглобовите го прават Дел Потро уште повеличествен. Откако во 2009 година тогаш како 20-годишен го освои US Open, Аргентинецот го победи Меси во борбата за наградата најдобар спортист на земјата. Sports Illustrated пишуваше дека да не го спопаднаа повредите тој ќе доминираше со тенисот во следните 10 години.
И покрај големите маки со зглобовите, Дел Потро во 2012 година го победи Ѓоковиќ во дуел за бронзен медал на Олимпијада а во 2013-та првпат стигна во полуфинале на Вимблдон.
Во февруари 2014 Хуан Мартин се качи на четврто место на АТП листата а во 2016-та херојски со тешки маки и помогна на Аргентина да го освои Дејвис Купот. Минатата сезона Дел Потро стана единствен кој го победи Федерер на Гренд Слем и стигна до полуфинале на US Open.
Тој сега одново е еден од најдобрите тенисери на планетата, а сега во големото полуфинале на Ролан Гарос го чека Рафаел Надал.
First Roland-Garros semifinal since 2009!@delpotrojuan outlasts Cilic 7-6(5) 5-7 6-3 7-5. Meets Nadal tomorrow. #RG18 pic.twitter.com/Cy9xqPDrwa
— Roland-Garros (@rolandgarros) June 7, 2018