Аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро со својот однос на теренот, надвор од него, кон соиграчите, публиката и судиите стекна многу нови симпатии и навивачи во светот. Како голем борец кој тешко се повредуваше па пак го фати тенискиот рекет, брзо се врати во светскиот врв.
На УС Опен, Гренд слемот кој го освои пред седум години влезе благодарение на „вајлд-картата“ и стигна до четвртфиналето каде загуби од Швајцарецот Стен Вавринка со 3-1 во сетови. На крајот од тој меч, буквално целиот стадион на Флешинг Медоус стана, му аплаудираше и го награди со овации поради се што тој им приреди.
Аргентинецот при последниот сервис на Вавринка во последниот сет мораше да застане и не можеше да ги запре солзите.
ICYMI: The most heartwarming moment of this year's US Open https://t.co/2XMf95sKxD
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) September 8, 2016
„Можам да изгубам, но ова никогаш нема да го заборавам. Тоа е поголемо од победата во било кој дуел. Горд сум што добив ваква поддршка од публиката. Вложувам голем напор да играм повторно добро, а навивачите ме направија среќен и не мислам за конечниот резултат“, изјави Дел Потро во моментов дури 63. тенисер на светот.
Во полуфиналето на УС Опен ќе се сретнат Новак Ѓоковиќ – Гаел Монфис и Стен Вавринка – Кеј Нишикори.
Хајлајтс од мечот Дел Потро - Вавринка: