Енди Мареј ја оправда фаворитската улога на полуфиналниот меч против сензацијата од Полска и во нешто повеќе од 3 часа обезбеди триумф од 3:1 во сетови (6:7, 6:4, 6:4, 6:3).
Пољакот Јиржи Јанович му прижи отпор на Мареј и успеа да му го земе првиот сет во тај-брејк, но потоа пресуди искуството на 26 годишниот Шкотланѓанец кој беше подобар противник.
На другото полуфинале Ѓоковиќ во речиси 5 часовен натпревар се изнамачи против 8-от носител на АТП листата Хуан Мартин Дел Потро и го победи со 3:2 во сетови (7:5, 4:6, 7:6, 6:7 и 6:4).
Српскиот ас му се реваншираше на Аргентинецот за последниот пораз на трева на мечот за бронза на Олимпијадата во Лондон минатата година.
Инаку финалето помеѓу Ѓоковиќ и Мареј ќе биде вкупно деветто, а во меѓусебните дуели резултатот е 4:4, додека на Грен слем турнирите Србинот е подобар со 3:1.