10 необични факти за чудото Бодо Глимт

Норвешкиот претставник во Лига на шампиони, малиот и симпатичен Бодо Глимт игра сезона од соништата која ќе се памети уште долго.

1. Бодо Глимт во 2026-та ги победи Манчестер Сити, Атлетико Мадрид и два пати Интер. Норвешкиот состав составен воглавном од домашни играчи со 1 Данец и 1 Русин има четири победи на четири натпревари во 2026-та година. Победија среде Мадрид и Милано каде не можат многу поголеми екипи. Бодо Глимт е во осминафинале на Лига на шампиони откако му даде 5 гола на 2 натпревари на Интер.

2. Бодо Глимт победи на овие четири дуели иако веројатноста за триумф на секој од нив во просек според прогнозерите беше 0,032%. Норвежаните беа аутсајдери по сите параметри а победија против секого. (интересно во првите 5 кола освоија само 2 бода а потоа им тргна победничката серија).

3. Бодо Глимт победил на 34 од 45 евронатпревари од 2020-та година. Овој симпатичен клуб до 2020-та имал победи против Лацио и Бешикташ и условно кажано против средни, просечни клубови. Во Лига на шампиони никој не е авторитет против нив, односно никој не ги надиграл во целост.

4. Бодо Глимт е на 610 милиони евра поевтин по вредност од Интер.

Ако детално се споредат сите екипи кои останаа во Лига на шампиони, Бодо Глимт е по вредноста на играчите најмал клуб од сите. Најскапи според реномираниот германски сајт Трансфермаркт.де се шпицот Каспер Хег и стоперот Фредрик Шеволд кои вредат по 8 милиони евра.

Севкупно вредноста на сите играчи на Бодо Глимт (првотимци и резерви) изнесува 57 милиони евра. А на Интер изнесува 667 милиони евра. Нераѕурите кои претрпеа два тешки порази од норвешкото чудо имаат дури четири играчи кои на фудбалскиот пазар вредат повеќе од цел Бодо: Лаутаро Мартинез, Алесандро Бастони, Маркус Турам и Николо Барела.

5. Бодо Глимт од јануари 2024-та година игра без целосен одмор.

Календарите во еврокуповите и во норвешкото првенство се разликуваат. Во Скандинавија поради силните и студени зими првенствата се играат во поинаков календар од вообичаениот во другиот дел од Европа.

Календарот во еврокуповите и норвешкото првенство по системот пролет-есен се преклопуваат па за време на паузата во домашното првенство, Норвежаните играат еврокупови и практично немаат време за одмор.

6. Бодо Глимт игра само европски натпревари од крајот на ноември!

На скандинавските екипи воопшто не им одговара новиот формат во еврокупови со јануарско завршување на првата етапа, но Бодо и без официјални натпревари успеа да остане во форма (на почеток на јануари имаа само две пријателски, против холандски Гронинген и унгарски Диошдор).

После дури во декември освоија важен бод со Борусија Дортмунд (2:2) а веќе во јануари почна нивната чудесна победничка серија.

Норвешката лига верувале или не стартува дури на 6-ти март а Бодо Глимт и без редовни натпревари совлада гиганти како Манчестер Сити, Интер, Атлетико Мадрид.

7. Бодо Глимт дури не е ниту актуелен шампион во Норвешка.

Минатата сезона Бодо заврши втор зад големото изненадување Викинг кој стана шампион. Поради тоа жолто-црните тргнаа порано во квалификации за Лига на шампиони од 2. коло. Но поминаа таква одисеја што сега се апсолутен хит во Европа.

 

8. Бодо Глимт досега сезонава 2025/2026 заработил околу 52,5 милиони евра а сега и повеќе.

Според прелиминарните пресметки уште од сега, а тие не ги земаат предвид приходите од домашните натпревари, чудото од крајниот север на Европа досега до ден-денес заработил 52,5 милиони евра само од УЕФА! Голема е веројатноста дека клубот благодарение на новиот пробив во Лига на шампиони ќе ја надмине и цифрата од 70 милиони евра заработка!

9. Бодо Глимт е прва норвешка екипа уште од далечната 1987-ма која победила во нокаут фаза на Лига на шампиони. Во тогашниот КЕШ (Куп на европски шампиони кој се играл на испаѓаше од старт) во 1987-ма Лилестрем во прва рунда го совладал скромниот Линфилд од Северна Ирска а после испаднал од француски Бордо. Тоа достигнување до годинава се сметало за најголемо во историјата на норвешкиот фудбал.

10. Бодо Глимт според сите предвидувања и компјутерски пресметки на Opta 98,5% досега требал да испадне од Лига на шампиони. Нивната шанса да стигнат до финале според Опта сега е слична на онаа која тогаш беше прикажана за пласман во нокаут фаза. Им се дава околу 1% шанса да стигнат до големото финале.

Истиот модел кој врши 10.000 симулации засновани на податоци и сила на останатите тимови веќе го сугерира ова сценарио.

Интер доби нова шлаканица, бајката Бодо Глимт продолжува

Последните 5 меча на Бодо

Норвешката шах - мат акција во 5 потези

25 февруари 2026 - 09:56