Кој е Александар Зунзуровски, нова млада ѕвезда во Црвена ѕвезда?

Александар Зунзуровски има само 15 години а веќе е во фокусот на навивачите на евролигашот Црвена звезда. Зунзуровски е роден во Њујорк од татко Македонец кој исто се вика Александар Зунзуровски и мајка од Порторико. Зунзуровски-сениор на времето играше во Работнички а подоцна продолжи во Германија каде кариерата му ја прекинаа повреди и операции. Зунзуровски-младиот игра за младинците на Звезда и настапи на Мини Купот во финалето против Мега.

25 февруари 2026 - 14:47