Бомба на младиот Бајрактаревиќ вредна бараж, грло остави босанскиот коментатор

Босанците одат напред фудбалски, само ние останавме тутурутки. Во последното коло од групната фаза во Лига на нации, со пресврт од 2:1 ја добија Романија и обезбедија пласман во баражот за Лига А. Во 82 минута, 21 годишниот Есмир Бајрактаревиќ ја заби дрско во агол за делириум на стадионот Билино Поље во Зеница.

БиХ заврши втора во група со 11 бода и само еден пораз, пред Шведска со 14. Пољаците се трети со 5 бода, Романија последна со 3.

18 ноември 2026 - 09:41