Снуп Дог дошол во својот клуб Свонси, познат мирис се ширел во соблекувална

Откако повеќе од две недели престојуваше на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина каде го носеше и олимпискиот факел, Снуп Дог ја продолжил својата европска авантура. Сега е во Велс. Синоќа го следел натпреварот меѓу Свонси и Престон (1:1) во втората англиска лига Чемпионшип. Американскиот рапер има дел од пакетот акции во Свонси кој го купил минатото лето.

После натпреварот на кој Свонси, тим од Велс израмни во 90+5' минута во судиско продолжение, го прашале тренерот на Престон Пол Хекингботом дали имало нешто невообичаено после натпреварот а тој рекол:

„Беше обичен натпревар за нас и мислам дека ги стишивме на крајот. Мислам дека мирисот на трева во тунелот беше единствено различно нешто“.

Снуп прво продефилирал со своите компањони по теренот пред натпреварот, бил поздравен бурно од публиката и набрзо отишол во подтрибински простор од каде на телевизија го следел мечот и голот за израмнување во последни секунди.

Навивачите на Свонси добиле марами со ликот на Снуп Дог и со нив мавтале на трибините:

Тој во меѓувреме пуштал и музика една вечер во некој ноќен клуб во Свонси.

Снуп Дог минатото лето во 2025-та купи малцински пакет акции во Свонси во вредност од над 120 милиони евра заедно со Лука Модриќ и Марта Стјуарт.

25 февруари 2026 - 12:34