Кариера на 22-годишниот Јиржи Јанович не се развивала како што тој посакувал. 2011-та година ја заврши на 221-та позиција на АТП листата, па ниту еден спонзор не бил заинтересиран да го поддржи. Пари не му дала ни Тениската федерација на Полска, па тој немал средства за сам да си ја плати авионската карта и го пропушти Гренд слем турнирот во Австралија на почетокот од 2012-та година.
Тој се насочил кон помали турнири во околните земји, а за да заштеди пари спиел во својот автомобил. Неговите родители биле приморани да ја продадат нивната продавница за да го спонзорираат и тој стигнал до САД каде Полјаците од Њујорк му купиле патики за да може да се натпреварува на УС Опен.
Упорноста на темпераментниот полски тенисер кој често знае да ги нападне судиите, се исплатела. Јанович полека се искачуваше на АТП листата и почна да ги привлекува спонзорите, со што наместо кон финансиите тој конечно се фокусираше кон играњето.
Резултатите се очигледни. Џинот висок 203 сантиметри стана првиот Полјак кој се пласираше во полуфиналето на еден Гренд слем турнир.