Заслужи ли Мареј да стане светски рекет број еден

Британецот никогаш не бил поблиску до првото место на ранг листата за најдобри светски тенисери. Иако ретко се среќаваше со играчите од Топ5 и Топ10 на ранг листата, Мареј игра во животна форма и ја стопи разликата со Новак Ѓоковиќ. Ќе стане ли број еден?

Во Шангај Мареј ја освои 41. титула во кариерата и сега по бројот на освоени трофеи во сингл го дели 15. место со Стефан Едберг. Пред него во оваа категорија смо двајца играчи никогаш не биле први рекети на светот - Род Лејвер (Австралиецот не бил прв само затоа што ранг листата се брои од 1973. година кога му поминала врвната форма) и Гиљермо Вилас.

Освен тоа, голем број играчи кои по количество на титули стојат зад Марен биле први играчи на светската ранг листа - Матс Виландер, Енди Родик, Лејтон Хјуит, Евгениј Кафелников и Марат Сафин. Плус Британецот ги помина Хјуит, Родик, Кафелников и Сафин по бројот на победи на Грен Слемовите.

Енди Мареј е меѓу десетте најдобри тенисери во историјата по разни статистички показатели: Процент на победи (девето место), број на победи против играчите од ТОП 10 (девето место), број на титули на хард (осмо место), број на победи и финалиња на Мастерсите (во двете категории е на девето место). Плус Мареј е еден од 13-те играчи во историјата кој освојувал по една титула во претходните 11 години.

Од статистички аспект, фактот дека Британецот никогаш не бил лидер на ранг листата веројатно може да се објасни само со фактот дека игра во ерата на Федерер, Надал и Ѓоковиќ. Нешто слично како Ибрахимовиќ во ерата на Меси и Кристијано Роналдо.

Во своите 29 години Мареј ја игра најдобрата сезона во кариерата. Шесте титули кои ги освои сезонава се далеку повредни од оние кои ги освои во 2009. година. Плус играта на Мареј е далеку поразновидна.

На пример сезонава многу го подобри вториот сервис, така што веќе не е лесна мета за напад како некогаш. Од физичка гледна точка, Мареј е машина, баш така го нарече Жил Симон кој и самиот важи за најголемиот тркач и тенисер кој пружа неверојатен отпор. 

На Енди му недостига уште да се ослободи од неверојатната способност сам да го комплицира животот како што успеа на УС Опен и се ќе биде на место.

Но исто има и аргументи против Мареј како лидер. Првиот е лошата внатрешна борба против Ѓоковиќ. Сезонава Мареј се состана четири пати со Србинот и само еднаш победи, во финалето на Рим. Покрај тоа парадоксално сезонава освои повеќе Гренд Слемови од Мастерси и титули воопшто. 

Единствениот значаен показател по кој Мареј годинава е подобар од Новак е бројот на победи. По таа статистика Енди е лидер на турот. Втор аргумент против Мареј е дека целата година елитата на АТП беше прилично просечна.

Федерер пропушти голем дел од сезоната, Надал и натаму се мачи со проблемите и повредите, Нишикори не може да се состави, Бердих тапка во место, Вавринка и Раониќ не фатија стабилност, Тим се задоволува со мали турнири и не блеска на големите, а од Гаел Монфис не се знае што може да се очекува. Да, и Ѓоковиќ игра катастрофален втор дел од сезоната што значеше и огромно топење на бодовната разлика на ранг листата.

Сето ова оди во прилог на фактот што Британецот го освои Вимблдон и славеше на 22 меча по ред без да победи против еден играч од Топ5. Потоа во Азија го освои Мастерсот во Шангај и АТП турнирот 500 во Пекинг, но не налета на ниту еден колега од Топ10. 

Но секако дека Мареј не е крив за тоа. Не е крив што во финалето на Шангај не се начека со Ѓоковиќ после поразот на Србинот од Баутиста-Агут во полуфиналето. Секако дека со напорната работа и големиот труд кој го вложува на турнирите Енди Мареј заслужува да се качи на врвот.

Со триумфот во Шангај, Енди Марај сериозно го загрози првото место на Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер загуби повеќе од 600 поени, Мареј заработи нови 640 ги смали заостатокот на само 2.415 бодови. За таа цел Британецот одлучи да игра и на турнирот во Виена кој почнува на 22. октомври и е една недела пред Мастерсот во Париз каде во случај на славје ќе освои нови 500 АТП бодови.

Во моментов Рафа Надал е шестопласиран а Федерер осми на ранг листата со пад за едно место од минатата недела.

АТП ТОП 10

1. (1) Новак Ѓоковиќ (Србија) 12.900
2. (2) Енди Мареј (Велика Британија) 10.485
3. (3) Стен Вавринка (Швајцарија) 5.820
4. (6) Милош Раониќ (Канада) 4.690
5. (4) Кеи Нишикори (Јапонија) 4.650
6. (5) Рафаел Надал (Шпанија) 4.380
7. (8) Гаел Монфис (Франција) 3.815
8. (7) Роџер Федерер (Швајцарија) 3.720
9. (9) Томаш Бердхих (Чешка) 3.330
10. (10) Доминик Тим (Aвстрија) 3.250