Таг: шангај

Димитров му се сипа на навивач во Шангај

Бугарскиот тенисер Григор Димитров се најде меѓу толпа навивачи кои го чекаа за сликање и автограми на Мастерс турнирот во Кина. Во еден момент ептен се изнервира и му се пушти на еден од фановите, но од преголема гужва не се знае зошто. 

Руне ја послуша мајка му и го загуби поенот

Интересна сцена фатија камерите на мечот меѓу Руне и Беретини на АТП турнирот во Шангај. Мајка му на Руне му сугерира на следниот сервис да се брани на форхенд, а Италијанецот му се сервираше на бекхенд. Само да му ја видите реакцијата. Инаку Руне победи 2-1 и се пласираше во трето коло.

Сладолед скандалот на БМВ во Кина

На автомобилски саем во Шангај, Мини, компанија на БМВ, одлучува како дел од промоцијата да дели сладоледи на посетителите. Инцидентот се случува откако некои локални Кинези не добиваат сладолед, а Западњаци добиваат. Сега БМВ се извинува, а Кинези кршат БМВ-а по паркинзи.

Паркинзите во Шангај си ги бараат парите

Кина конечно го укина над 2-месечниот масовен карантин што го воведе во Шангај. Карантин кој никогаш не ни беше претпоставено дека ќе трае два месеца. Сега како што луѓе излегоа од дома, така почнаа да си ги вадат колите од платените паркинзи кај што беа оставени и така почнаа да ги удираат шлогови од цената за паркинг што треба да ја платат.

Шангај обраснат

Како дел од нула-ковид борбата 25-милионскиот Шангај е под целосен карантин од почетокот на април. Дозволен излез имаат само „клучните професии“, полиција, готвачи, медицинари и слично. Одржувачите на паркови не се меѓу клучните.

Пристаништето на Шангај, најпрометното контејнерско пристаниште во светот

Во 2019 преку пристаништето во Шангај се минати над 43,3 МИЛИОНИ бродски контејнери (од стандардните 6-метарски).

Во Шангај станува неподносливо напнато

Кина и понатаму инсистира на својата политика на „нула ковид“ па заради десетици случаи во градот, ги стави сите 25 милиони жители на Шангај во карантин, и како ретко кога во изминативе 2 години лошо го изменаџира целиот карантин и логистиката околу него. Посебно околу храната. Моментално во градот врие како во котел.

Шангај влезе во најголемиот карантин во Кина во последниве две години

Шангај до сега успеваше да ги смири потенцијалните жаришта на ковид-19 со локализирани карантини. Сега цел град од 26 милиони жители е ставен под клуч.

Кина го затвори Дизниленд со 34.000 луѓе во него

Откако беше откриен само еден случај на ковид-19 меѓу посетителите на Дизниленд во Шангај, целиот парк е затворен, забранет е влез на нови посетители, а сите над 34.000 присутни гости во паркот инстантно се тестирани и ставени во изолација.

САД од светски полицаец станаа шверцер на црно

Авион натоварен со маски и спремен да полета за Франција, на аеродромот во Шангај е пресретнат од неколку ликови кои нудат три пати повеќе пари за маските отколку што платиле Французите. Понудата е прифатена на лице место и наместо во Франција, пратката завршува во САД.

Ѓоковиќ прозборе кинески во Шангај и ги воодушеви навивачите

Откако го совлада Шаповалов и се пласираше во 1/8 финалето од мастерсот во Шангај, светскиот рекет број 1 одговори на барањето на водителот да каже збор-два на кинески.

40 милиони Кинези седнале пред телевизор да го гледаат своето дете во Еспањол

Сите галамеа, се тркаа и нудеа големи пари за трансфери во зимскиот преоден рок, само Еспањол на 28 јануари за мала сума го потпиша „Марадона од Истокот“ и направи неверојатен маркетиншки потег.

Оскар направи хаос на меч во кинеска лига

Денеска на дуелот Гвангжу - Шангај во Кина, Бразилецот Оскар кој со Халк игра за Шангај неотесано ја рогаше топката во домашните фудбалери па настана хаос.

Офсајд лик: Карлос Тевез

Ако треба да одбереме Офсајд лик на денот, неделата и месецот, тоа сигурно ќе биде човекот кој се соочи со елиминација во Лига на шампиони од екипа чии играчи заедно не заработуваат годишно, колку тој што заработува месечно.

Кинески судија не можеше да го следи Оскар

Бразилецот кој неодамна од Челси замина во Шангај веќе на дебито покажа колку е добар. Даде гол, имаше асистенција, а линискиот судија ненавикнат на таква техника се сопна.

Каде сè влегоа Кинезите во спортот

Полека но сигурно кинескиот капитал ја преплавува Европа. Кинези стануваат газди на француски, англиски, италијански и шпански фудбалски клубови, а „опипуваат“ терен и за влез во НБА, НХЛ, МЛС во САД.

Папис Сисе даде необјаснив гол во Кина

На дуелот од кинеската лига меѓу Шангај Телејс и Шендон Лунен, некогашниот фудбалер на Њукасл и Челси даде многу чуден гол.

Заслужи ли Мареј да стане светски рекет број еден

Британецот никогаш не бил поблиску до првото место на ранг листата за најдобри светски тенисери. Иако ретко се среќаваше со играчите од Топ5 и Топ10 на ранг листата, Мареј игра во животна форма и ја стопи разликата со Новак Ѓоковиќ. Ќе стане ли број еден?

Кинеските пари во ветер или за развој?

Кина постави цел: пласман на Мундијал и Олимписки Игри и освојување на Светско првенство. За таа цел не жалат пари и минуваат низ вториот бран астрономски трошења во фудбалот.

10 луѓе кои одбија страшни кинески пари

Кинезите решија да се отворат на спортски план, така што 50 милиони евра за трансфер им се како добар ден. Сепак, некои луѓе покажаа дека парите не им се пресудни во моментов.

Нереални ножички за еврогол во Кина

На мечот Шангај Шенуа - Шангај Ист Азија, Колумбиецот Џовани Морено го постигна најубавиот гол во кинескиот фудбал сезонава. Колку ефектен гол даде Морено покажува и рекацијата на Демба Ба кој игра за Шангај Шенуа.