Кинеските клубови го живеат вториот бран на астрономска потрошувачка. Пред околу 15 години, Кина се обиде да го развие фудбалот со доведување на странски ѕвезди. Можностите, потребите и амбициите тогаш биле далеку поскромни од денес кога се вложуваат стотици милиони во трансфери, академии, стадиони и странски тренери.
Бурни промени не се случија во меѓувреме, Кинезите ги гледаа Светските првенства од дома на телевизија. Обичните навивачи не биле задоволно со тоа, поради што претседателот на НР Кина, генералниот секретар на Комунистичката партија на Кина и Централниот Воен Совет Си Џипиг започнале нов проект. И тоа можеби најамбициозниот проект во историјата на кинескиот спорт.
Задачата - да го издигнат локалниот фудбал на повисоки нивоа на развој, да добијат домаќинство за Светско првенство во Кина, репрезентацијата да учествува Мундијал и Олимпијада. И на крајот, главна цел, да се стане најдобар на светот.
Фернандо Сантош, селекторот на Португалија добил понуда од кинескиот клуб Бежинг Гоан кој според португалскиот лист A Bola му дава 8 милиони евра годишно.
Брзо се воспоставени и методи на кинеска експанзија во Европа каде еден по друг ги купуваа шпанските, италијанските, француските, англиските, холандските клубови а необичен договор постигнаа и со цела лига - како на пример со втората Португалска. Создадоа фудбалски школи и академии во кои работат стотици стручњаци од странство кои не само што тренираат со фудбалерите, туку ги обучуваат и кинеските тренери. И секако увоз на ѕвезди. Тие не само што ги полнат стадионите (20.000 гледачи во просек во Супер лигата), а од друга страна со својот пример можат да ги учат и локалните фудбалери.
На третото ниво се славните Халк, Џексон Мартинес, Рамирес и Жервињо кои го привлекоа интересот за кинескиот фудбал. Годинава кинеските клубови потрошија можеби најмногу во фудбалскиот свет. Што се однесува до платите и договорите поранешниот играч на Зенит, Бразилецот Халк стана не само најскап играч во историјата на азискиот фудбал, туку и еден од тројцата најскапо платени играчи на светот. Практично ги стигна Кристијано Роналдо и Меси.
Глава боли од помислата на веста дека некој кинески милијардер му понудил на Гонзало Игуаин 50 милиони евра годишно! Но Арентинецот одбил да се пресели во Кина. Италијанскиот репрезентативец Грацијано Пеле’ до пред пар години непознат во јавноста, по Европското во Франција обезбеди договор во Кина тежок преку 40 милиони евра.
Пеле' годишно ќе заработува 16 милиони евра, месечно 1,3 милиони евра, неделно 307.000 евра, дневно 44.000 евра, на час 1.800 и 30 евра на минута.
По тренерски имиња, кинеското првенство можеби е најсилно во светот. Таму се Луиз Фелипе Сколари, Свен-Еран Ериксон, Феликс Магат, Хон Мен Бо, а до неодамна таму работеа Марчело Липи (во моментов кандидат за селектор на Белгија) и Дан Петреску. Во втората лига тренер е Кларенс Седорф.
Најскапите трансфери во 2016-та во Кина:
Халк - од Зенит во Шангај Шанган, 55,8 милиони евра
Алекс Тешеира - од Шајтрјор во Џјансу Сунин, 50 милиони евра
Џексон Мартинез - од Атлетико М. во Гвангжу Хенда, 42 милиони евра
Рамирес - од Челси во Џјансу Сунин, 28 милиони евра
Елкесеон - од Гвангжу Хенда во Шангај Шанган, 18,5 милиони евра
Жервињо - од Рома во Хебеи Хуасја Синфу, 18 милиони евра
Грацијано Пеле' - од Саутемптон во Шандун Лунен, 15,25 милиони евра.
Фреди Гуарин - од Интер во Шангај Шенхуа, 13 милиони евра.