Кристијано Роналдо после две замени по ред (викаат дека во кариерата немал такво нешто одамна), отиде да игра за репрезентацијата на Португалија и сам ја растури Литванија (6:0).
Кина постави цел: пласман на Мундијал и Олимписки Игри и освојување на Светско првенство. За таа цел не жалат пари и минуваат низ вториот бран астрономски трошења во фудбалот.
Како млад во еден момент после тренинг се нашол во соблекувалната со Кристијано Роналдо и му понудил да се кладат дека еден ден ќе заигра на голема сцена. Две децении подоцна двајцата го кренаа пехарот како европски шампиони.
Роден во Гвинеа Бисао, со сиромашните родители на три години ја напушта бедната Африка и доаѓа во Португалија, земја на која 25 години подоцна ѝ го донесе највредниот пехар во историјата.
Иако Ибериските староседелци играат бавен, досаден, приспивен фудбал, таквиот пристап носи резултати а стариот лисец Фернандо Сантош не отстапува од системот и покрај критиките од светската јавност дека го убил фудбалот на Европското.
Португалија го игра можеби најдекадентниот фудбал на ова Европско. Одиграа два меча без голови, се потпираат само на Роналдо а среќата ги погледна на пенали против Полска и во продолженијата против Хрватска. Зошто ретко кој навива за нив?