ЕП 2016 Франција

Фернандо Сантош ги совлада сите ривали со нивни оружја

Иако Ибериските староседелци играат бавен, досаден, приспивен фудбал, таквиот пристап носи резултати а стариот лисец Фернандо Сантош не отстапува од системот и покрај критиките од светската јавност дека го убил фудбалот на Европското.

Португалија играше во финале на Европско пред 12 години. Го играа дома и беа неприкосновен фаворит, но изгубија. Како ќе биде овојпат?
 
Во што лежи успехот на Португалците?
 
Тајната сигурно лежи во селекторот Фернандо Сантош. Луситанците сигурно се одличен пример за тоа колку важна компонента за успех.
 
Ако ги погледнете детално сите средби на Португалија на турнирот, ќе видите дека првата постава променила измени на секој натпревар во зависност од противникот, повредите или суспензиите. Во полуфиналето Сантош го смени стартниот состав. Веројатно ништо не би сменил во однос на мечот со Полска, но Вилијам Карваљо беше казнет поради парни жолти картони а Пепе поради повреда не играше против Велс.
 
Вистина е дека триумфот на Португалија во голема мера зависеше и од противничкиот состав затоа што Крис Коулман го загуби Ремзи поради картони. Неговото место во голема мера влијае на играта на Велс. Ален и Ледли ја зацементираа средината против Белгија, но не и синоќа.
 
Уште на почетокот на мечот се виде дека не е доволно за бедемот на Португалија. Кинг со сета должна почит, но е играч за некое друго ниво, затоа што преку него Велс почна да губи многу топки на средината и да им отвора контри на Португалците. Првото полувреме не беше богато со шанси. Како што се очекуваше, Португалците не форсираа во напад, забавија, брзо ја губеа топката и се повлекоа во одбрана. Не им дозволија на Велшаните да прават брзи напади и се испостави дека ризикот пред својот гол беше сведен на минимум.

Фактички Португалците го добија Велс со неговото оружје. Му препуштија на противникот иницијатива и чекаа негови грешки со организиран притисок на средината од теренот како што избраниците на Колман играа против Белгија. Велс не знаеше што да прави со иницијативата затоа што ретко се во таква положба и набрзо паднаа во игра. Сите приоди кон голот беа затворени, а без Ремзи проблемите во позициониот напад беа видливи со голо око.

Португалија игра бавно, поспано и досадно, но тоа носи резултат и никој со прст не може да покаже кон селекторот кој сите ривали ги доби со нивни оружја.

Дружината на Сантош набрзина во второто полувреме даде два гола. Прво Роналдо, кој ја натскока цела велшка одбрана, а потоа Нани кој само го смени правецот на шутот на Роналдо за 2:0.

Впечатлив момент дека Сантош го тепаше Колман со негово оружје беше вториот гол, затоа што Португалците после водството не застанаа и брзо дадоа втор гол. Полуфиналето синоќа беше првиот меч кој Ибериските староседелци го добија во основното време. Оваа селекција по многу нешта наликува на француската од 2006. година.

Триколорите пред 10 години играа нејасно во групата, пројдоа во осминафиналето и на крај стигнаа до финалето. Роналдо на овој турнир личи на Зидан од 2006. Не беше во најдобра физичка форма, но игра рационално, не претерува со топката и верува во своите партнери.

Но за разлика од Зидан тогаш, Роналдо сега има добар тренер со кој за првпат може да освои нешто со својата репрезентација.

И покрај тоа што во составот освен Роналдо, Пепе и Нани нема познати играчи, Фернандо Сантош успеа да го одведе својот тим до финалето. Тој е правиот Х-фактор како што викаат во НБА. Ако ги погледнете сите негови постапки, имаат одредена логика и доследност.

Во финалето ќе му треба и среќа, во спротивно ќе имаат тешки маки.