Таг: фреди гуарин

Е уште ова го немавме видено

Фреди Гуарин, Колумбиецот кој играше во Интер, со двајца соиграчи од Васко да Гама на мечот против Шапекоенсе правеа лист-камен-ножички кој да изведе слободен удар. На крај мечот заврши 1-1, домаќинот отвори од пенал во 84’ минута а гостите спасија злато вреден бод во 90+3’ минута со што опстанаа во лигата.

Кинеските пари во ветер или за развој?

Кина постави цел: пласман на Мундијал и Олимписки Игри и освојување на Светско првенство. За таа цел не жалат пари и минуваат низ вториот бран астрономски трошења во фудбалот.

Гуарин го намести шутот за Светско

Контролките овој викенд се последната можност за селекторите за испробување на некоја тактичка замисла на теренот. Играчите тоа го користат и за вежбање шутеви од далеку. Колумбија го совлада Јордан со 3:0, а во отсуство на Фалкао шоуто го презеде фудбалерот на Интер, Фреди Гуарин.

Шкорпион мајсторија на Гуарин

Интер под водство на новиот тренер Валтер Мацари славеше на еден од подготвителните натпревари против Виченца со 3:1, а ова ремек дело на Гуарин е сигурно еден од најубавите голови ова лето.