Се работи за најголемата ваква операција во Кина од почетокот на пандемијата. До сега најголемиот карантин беше во Вухан, кога на почетокот од 2020 11 милиони луѓе 76 денови мораа да седат дома.
Операцијата ќе биде спроведена во две фази. Прво, од понеделник до петок, ќе биде ставена под клуч финансиската област на Шангај и придружните реони, а од петок и останатите делови на градот.
Граѓаните ќе треба да останат дома, а залихите нема да им бидат носени до дома, туку ќе им бидат оставени на повеќе точки низ градот за да се избегне секаков контакт со надворешниот свет. Канцелариите и фирмите што не се сметаат за есенцијални ќе бидат затворени, а се суспендира и јавниот превоз.
Една од нус-појавите на ова е што во неделата целосно беа испразнети полици на супермаркетите низ Шангај и тоа не баш најмирољубиво.
Причината за ваквиот карантин е што Шангај во неделата (пак, со 26 милиони луѓе) имаше 3.500 нови случаи ковид-19.