Во веста што ја објавува Гардијан се објаснува дека неколкуте милиони маски биле планирани за регионот Гранд Ест на северот од Франција, каде одделите за интензивна нега се преплавени од пациенти со ковид-19.
Информацијата ја потврдуваат два извора од Франција, според кои луѓето од Шангај работеле за американската влада, меѓутоа не знаат во која сојузна држава точно завршила пратката.
По овие информации, и премиерот на Канада побара од своите луѓе дополнително да ги проверат сличните тврдења дека маски наменети за неговата држава биле пренасочени на друго место.
На прес-конференција во средата, министерот за здравство на Бразил објави дека напорите на владата да купи заштитна опрема како маски и ракавици од Кина, не успеале.
„Денес САД испратија 23 од нивните најголеми карго авиони во Кина за да ги соберат материјалите што ги нарачале. Голем број од нашите нарачки, кои се надевавме дека ќе можеме да ги потврдиме за да го обезбедиме нашиот здравствен систем, пропаднаа. Има проблем со хипер-побарувачка,“ изјавил министерот Луиз Мандета.