Кина врти каде што бургијата не сака

Каде сè влегоа Кинезите во спортот

Полека но сигурно кинескиот капитал ја преплавува Европа. Кинези стануваат газди на француски, англиски, италијански и шпански фудбалски клубови, а „опипуваат“ терен и за влез во НБА, НХЛ, МЛС во САД.

Фудбал

Денес главен спорт на кинеските милијардери е фудбалот. Поплавата од безумни милионски трансфери на ѕвездите во Кина трае секојдневно.

5 најголеми кинески трансфер настани во историјата:

1. Бразилецот Хулк отиде во Шангај Телејс, а Белгиецот Витсел го одби Јувентус поради Тјанчин Кванчиан.

2. Карлос Тевез стана најскапо платен иргач на светот. Него Шангај Шенхуа му плаќа 40 милиони евра годишно.

3. Диего Коста се избезумил кога некој кинески клуб му понудил 30 милиони фунти годишно. Коста дури и направил забуна во стручниот штаб на Конте и три дена ги пропуштал тренинзите додека да одлучи што да прави.

4. Оскар му стана соиграч на Халк, а Челси за него даде 52 милиони фунти иако Оскар не беше првотимец.

5. Неколку играчи како Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Вејн Руни одбија милиони од Кина.

ИТАЛИЈА

Фудбалот во Милано во моментов е во сопственост на Кина. Минатата година, кинескиот гигант за рана трговија Suning Holdings Group купи 68% од акциите во Интер (заклучно со целиот дел на Масимо Морати). Компанијата објави дека сака да го направи Интер уште посилен но и уште по ’интернационален’. Летоска „Нераѕурите“ потрошија 150 милиони евра на трансфери, потоа го избркаа тренерот де Бур кој немаше успех а сега со Пиоли имаа серија од 9 меча без победа.

Од позицијата која води во ЛШ ги делат три бода.

По сличен пат тргна и градскиот ривал Милан. Уште во август лани беше објавено дека 99% од акциите на клубот ги купува кинеската група Sino Europe Sports Group. Поради нерегуларности со фалсификувани документи, целата зделка се одложи за 3 март 2017 година. Кинезите веќе платија неколку рати за купување на Милан.

АНГЛИЈА

Кинеска компанија го купи и премиерлигашот Вест Бромвич Албион кој во септември доби нови сопственици на чело со Гуочан Лаи (тежел околу 2,8 милијарди долари). Втора кинеска екипа во Премиер лигата може да стане и Саутемптон. За овој клуб е заинтересирана компанијата Lander Sports Development која што се занимава со изградба на стадиони во Кина.

Според последните информации, актуелните сопственици на Саутемптон ја одбиле понудата од 180 милиони фунти и бараат 270.

Кинези водат и три клуба од Чемпионшип. Астон Вила за 76 милиони фунти ја купи Тони Ксја, бизнисмен кој се школувал на Харвард и Оксфорд.

Пред Вила, Ксја во едно интервју ги нападнал шеиците од Манчестер Сити дека многу трошат, а минатото лето, Астон Вила на трансфери потроши повеќе од 60 милиони евра а во моментов се 14-ти во Чемпионшип.

Во меѓувреме Ксја го обвинија за лажирање на своите академски достигнувања а неговата компанија Recon Group за лажна.

Вулверхемптон минатото лето за 45 милиони фунти го купи инвестициската компанија Fosun International, Кинезите се обврзале дека ќе вложат 30 милиони фунти во следните две години. Спорно прашање при купувањето било: една од ќерките на газдата на Fosun поседуала и 20% од компанијата Gestifute на агентот Жорже Мендеш.

Летово во Вулверхемптон од Монако за 7 милиони дојде уште еден клиент на Мендеш, Иван Кавалеро кој стана втор најскап фудбалер во историјата на Волвс. Вкупно во екипата дојдоа 14 фудбалери.

Уште една кинеска компанија влезе во Чемпионшип, откако Trillion Trophy Asia го купила контролниот пакет на Бирмингем. Претходниот сопственик на клубот, лондонскиот бизнисмен Карсон Ен сега е во затвор поради малверзации.

Кинеската фирма China Media Capital Holdings има и 13% удел во компанијата City Football Group која што управува со Манчестер Сити и со Њујорк од МЛС во САД.

ШПАНИЈА

Сопственикот на Еспањол, Чен Јанженг

20% од акциите на Атлетико Мадрид минатата зима ги купи развојната компанија Wanda Group чијшто сопственик Ванг Џианлин е најбогатиот човек во Кина со 33 милијарди долари проценето богатство.

Целосната сума за зделката изнесувла 45 милиони евра (можела да биде и поголема да не биле долговите на „Јорганџиите). Џианлин не планирал да троши пари на најскапите фудбалери на светот и најголем интерес имал да носи кинески таленти во академијата на Атлетико.

Кинескиот гигант има огромен план во спортот: за 1,2 милијарди долари ја купил најголемата спортска маркетинг агенција Infront Sports & Media. Оваа агенција има договор со 180 сопственици на медиаправа во 25 спортови. Џианлин платил уште 650 милиони евра да се организира триатлон под брендот Ironman. 

Контролниот пакет на Еспањол отприлика во исто време со Атлетико го купи компанијата производител на играчки автомобили Rastar Group за сума од 13 милиони евра. Новите сопственици на Еспањол се обврзаа дека ќе го внесат клубот во Лига на шампиони и дека ќе им дадат поголеми плати на играчите.

Контролниот пакет акции на Гранада веќе неколку сезони му припаѓа на кинескиот бизнисмен Џијанг Лижанг.

ОСТАНАТИОТ СВЕТ

Од каде му на Лион толку пари за трансфер на Мемфис Депај? Му помогнала кинеската фирма IDG Capital Partners која купи 20% од акциите на клубот за околу 100 милиони евра. Лион троши пари на трансфери а во исто време и враќа долгови.

IDG Capital Partners од друга страна го користи брендот на Лион во Азија и има места во советот на директори. Кинезите помогнаа не само во Лион туку и во Ница за Балотели и Данте.

80% од акциите во Ница летово ги купи кинески-американскиот инвестициски фонд, а екипата сериозно конкурира за титулата во Лига 1 и пласман во Лига на шампиони.

Кинези го купија и второлигашот Сошо од Лига 2 кој повеќе од 50 години беше во сопственост на автомобилската компанија Пежо.

Во Холандија, Ден Хаг во зимата 2015-та го купи пекиншкиот бизнисмен Бан Хуеји (неговата компанија неодамна го организираше италијанскиот Супер Куп во Пекинг). Тој го купи Ден Хаг за 6 милиони евра и ветил дека клубот ќе игра во Европа наскоро. Наместо тоа Ден Хаг имал внатрешна контрола во која беа откриени неправилности, но на крајот Ван Хуеји платил што требало.

Со 60% од акциите Кинези ја држат и Славија Прага а истите се и генерален спонзор на португалската втора лига.

КОШАРКА

Немој да ви го одвлекуваат вниманиети милионите за бразилските ѕвезди и англиски клубови - спорт број 1 во Кина и натаму е кошарката. Во Кина на пример Коби Брајант има многу повеќе фанови од Меси или Кристијано Роналдо.

Кина е главниот странски пазар на НБА. Тимовите редовно патуваат таму на турнеи, а во октомври лани лигата објави дека во Кина ќе се отвори и тренинг камп на НБА. Што е уште поважно: комесарот на лигата Адам Силвер често вели дека ништо чудно во иднина некои мечеви да се играат во Кина поради кинескиот телеаудиториум.

Покрај тоа еден меч ќе се игра во недела рано утро за да во Кина има прајм-тајм.

Во моментов ниту еден кинески кошаркар нема потенцијал да го повтори успехот на Јао Минг. Но минатото лето се појави првиот минорен акционер од Кина во НБА. Џијан Лижанг, сопственикот на контролниот пакет на Гранада влезе и во кошарката откако купи 5% од акциите на Минесота.

ХОКЕЈ

Покрај Кунлун Ред Стар, хокеарскиот клуб од Кина кој од сезонава се приклучи на Континенталната лига (Белорусија, Хрватска, Финска, Казахстан, Латвија, Русија, Словачка и Кина), Кинезите го опипуваат и теренот во американскиот НХЛ.

На почетокот на 2016-та кинескиот производител на метал O.R.G. стана спонзор на хокеарскиот клуб Бостон Бруинс. Покрај тоа, во јуни 2015-та Андонг Сонг стана првиот Кинез избран на драфтот во НХЛ. Но уште не одиграл ниту еден меч за Ајландерс досега.

Во принцип Кинезите планираат влез и во НФЛ и МЛБ, но да продрат на северно-американскиот пазар ќе им биде потешко: во Европа многу газди сакаат да се отарасат од непрофитабилни имоти.