После низа перипетии, Лионел Меси конечно е во ПСЖ. Го одбрал бројот 30 со кој дебитираше во професионалниот сениорски фудбал и го носеше во првите години од кариерата.
Еспањол сигурно чекори кон експресно враќање во Примера. Во втората лига по 19 кола имаат 13 победи, 3 нерешени и 3 порази со гол разлика 30:9. Синоќа победија 2-1 против Алмерија а првиот гол од двата кои ги даде Раул Де Томас сигурно ќе конкурира за гол на сезоната.
Гладбах испадна од ЛЕ со гол примен во 90+1' минута од Башакшехир кој направи голем подвиг. АЗ се држеше полувреме на „Трафорд“ а во второ Јунајтед им даде 4. Пресликан дуел и во Вулверхемптон.
Селтик, Севиља, Базел, Еспањол и Манчестер Јунајтед се пласираа во следната рунда од Лига Европа, откако вечерва освоија по 3 бода. Рома ќе има тешка задача затоа што гостува во Истанбул кај Башакшехир во следното коло.
На мечот ЦСКА Москва - Еспањол (0:2) во Лига Европа, најпопуларниот кинески фудбалер во моментов Ву Леи влезе во историјата како прв фудбалер од оваа земја кој ја затресол мрежата во некое европско натпреварување.
Во сабота вечер од 21 час во Мадрид ќе се игра големото финале на Лига на шампиони меѓу Ливерпул и Тотенхем. Играчите тренираат, тренерите смислуваат тактики, навивачите спремаат дресови и шалови.
Страстите по градското дерби Барселона - Еспањол уште не се стишија. Лионел Меси речиси никогаш не бара дрес, но од него бара секој жив на теренот. По саботното дерби поради тоа навивачите на Еспањол му се сипаа на едно од своите деца.
Сите галамеа, се тркаа и нудеа големи пари за трансфери во зимскиот преоден рок, само Еспањол на 28 јануари за мала сума го потпиша „Марадона од Истокот“ и направи неверојатен маркетиншки потег.
На последниот натпревар пред Божиќ во Премиер лигата, Тотенхем со 2:6 го размонтира Евертон а тренерот Маурисио Почетино имаше посвета на победата за неговата сопруга која го советува мудро.
До каде само може да отиде омразата и нетрпението на дерби, па и на едно вакво како каталонското. Навивачите на Еспањол забележаа падобранец на трибина облечен во јакна на Барса. Не го навредуваа, ниту го набркаа, туку му ја земаа јакната. Редарите го преместија меѓу навивачи на Барса кои се обидуваат да го утешат и да го стоплат. Потиштен беше човекот.
Минатиот петок на полноќ заврши летниот преоден рок во шпанскиот фудбал. До последен момент се очекуваше каков адут од ракавот ќе извади Флорентино Перез кој цело лето беше невообичаено мирен. На крај се реши за играч кој настапуваше за Реал Мадрид.
Во еден од најтешките периоди од животот кога мислел дека сè околу него е темно, Иниеста дознава дека неговиот добар другар Даниел Харке - капитен на Еспањол, умрел по срцев удар. Му се руши светот но решава да се бори и дава гол во финале на Светско.
Фудбалскиот клуб Еспањол важи за про-шпански ориентирано друштво кое уште од времето се противи на било каква сецесија и отцепување на Каталонија. Синоќа стотина навивачи на овој клуб гостуваа на „Камп Ноу“ на реваншот од Кралскиот куп којшто Барса го доби со 2:0. Со шпански знамиња ги иритираа домаќините кои возвратија.
Каталонците го најдоа наследникот на Иниеста. Влезе синоќа во 68’ минута токму место Андрес и имаше неколку добри потези. Барса го победи Еспањол со 2:0 (Суарез, Меси) и се пласираше во следната рунда од Копа дел Реј.
Контроверзниот судија којшто му поништи чист гол на Меси на дуелот Валенсија - Барселона на Местаља (топката три метри во голот), сега му го зема скалпот и на Тенерифе откако го свирна најкриминалниот пенал во сезоната.
Валверде важи за еден од подобрите фудбалери во историјата на Еспањол и жива легенда во градот на фудбалот - Билбао чијашто екипа ја внесе во Лигата на шампионите после цели 16 години. Конечно по три неуспешни обиди, коцките се поклопија и ќе ја води Барселона.
Полека но сигурно кинескиот капитал ја преплавува Европа. Кинези стануваат газди на француски, англиски, италијански и шпански фудбалски клубови, а „опипуваат“ терен и за влез во НБА, НХЛ, МЛС во САД.
Во новата сезона Еспањол влезе со големи очекувања. Сопственик стана амбициозен Кинез, во екипата дојдоа познати играчи а главен тренер беше поставен Кике Санчез Флорес. Творец на триумфалниот марш на „папагалите“ од Барселона е ветеранот Диего Лопез.
Кога имал 17 години на турнир во Буркина Фасо го забележале скаутите на Еспањол на кои оние од Јувентус и Севиља им викале дека малиот е „тактички дибидус“. Тимот од „Мадригал“ за него доби 40 милони од „Олд Трафорд“ летово.
Севиља важи за домашна екипа, епитет кој го заслужи со фантастичните резултати на Санчез Писхуан, но на гостински терен сезонава немаат ниту една победа и се единствени во Топ 5 лигите по тоа.
Дисциплинската комисија при шпанската фудбалска федерација му изрече казна на клубот од Барселона, поради навредливите скандирања и пароли за Шакира, сопругата на Пике.
Од денес, Реал Мадрид има нов најдобар стрелец во историјата. Кристијано Роналдо го престигна Раул Гонзалес, иако има 347 натпревари помалку од него во дресот на Меренгес.