Што е работата со Иглесиас Вилануева? Бурата што ја направи на „Местаља“ уште не се смири, а еден од водечките судии во Ла Лига направи нова глупост: во 16/финалето од Купот на мечот Еспањол - Тенерифе „виде“ игра со рака на два метри од казнениот простор и досуди пенал за Еспањол.
Џабе интервенираа гостите од Тенерифе кои во тој момент водеа со 0-1. Жерар Морено даде гол од пенал и израмни а подоцна Еспањол даде уште два гола и победи 3-2. Првиот меч беше 0-0 па се испостави дека непостоечкиот пенал ја направил разликата и го одлучил патникот во осминафинале.
Ojo a Iglesias Villanueva. Se la vuelve a liar su asistente pitando penalti por manos fuera del área. #CopaDelRey #EspanyolTenerife pic.twitter.com/rgWDqNOVGb
— Twister Valladolid💜 (@__Twister___) November 30, 2017
Ова е втор катастрофален кикс на судијата Вилануева откако на Меси минатиот викенд при резултат 1-1 со Валенсија му поништи гол чист како солза во 30’ минута од првиот дел.
Во Шпанија се уште нема VAR (Видео повторување на спорниот момент) кој ќе го воведат од следната година а немаат ниту гол-линија технологија.