До каде само може да отиде омразата и нетрпението на дерби, па и на едно вакво како каталонското. Навивачите на Еспањол забележаа падобранец на трибина облечен во јакна на Барса. Не го навредуваа, ниту го набркаа, туку му ја земаа јакната. Редарите го преместија меѓу навивачи на Барса кои се обидуваат да го утешат и да го стоплат. Потиштен беше човекот.