Многу работи ги поврзуваат Лионел и неговиот нов тренер, сонародник и добар познаник.
„Меси дојде кај нас после дебито. Јадеше говедско мелено месо иако омилено јадење му е Миленаеса (панирано говедско месо). Секогаш меѓусебно се однесувавме со голема почит, одлично комунициравме, но се држевме на страна. Лео ни поклони дрес со број 30 на грбот и со потпис. Сега тој дрес виси кај нас заедно со дресовите на другите Аргентинци - Забалета, Макси Родригез, Савиола и Маурисио Почетино“, раскажувал еднаш шефот на аргентинскиот ресторан Las Cuertas во Барселона каде се собира аргентинската заедница.
Но Лео Меси и Почетино не ги поврзува само овој ресторан Las Cuertas и новата соработка во ПСЖ каде Маурисио ќе му биде тренер. Интересно на првиот официјален меч на Лионел за Барселона, тој дебитираше против Еспањол за кого играше стоперот Маурисио Почетино, сонародник од Аргентина.
ПОЧЕТИНО ИГРАШЕ ВО ЛА ЛИГА ОД 1994-ТА, ЈА ФАТИЛ И БАРСА НА КРОЈФ
Маурисио Почетино дебитираше во шпанската Ла Лига во 1994-та. Премина во Еспањол од аргентинскиот Њуелз Олд Бојс каде тренер му беше легендарниот Марсело Бјелса кој го открил уште како помал.
Интересно, снажниот стопер Почетино на првиот негов меч, на дебито за Еспањол играл против градскиот ривал Барселона.
Тогаш за Барселона играа Куман, Хаџи, Стоичков, Пеп Гвардиола, Чики Бергистајн, а тренер им беше Јохан Кројф. Страшен тим со неверојатен тренер.
Еспањол со 22-годишниот Почетино во одбраната успеал да ги задржи на 0:0.
Но треба да се напомене дека за Барселона таа сезона 1994/1995 била просто ужасна. На пет меча имале порази од Спортинг Хихон и Сарагоса и ова реми со градскиот ривал Еспањол. Каталонците во еден момент паднале на 9. место и во текот на целата сезона ниту еднаш не биле први на табела. Го освоиле само Суперкупот на Шпанија и тоа им било утеха. Завршиле четврти на крајот од сезоната, а Еспањол бил шести со само три бода помалку.
Понатаму Маурисио Почетино го чекала многу добра кариера: четврто место во силната шпанска лига освоил и следната сезона, дебитирал во Куп на УЕФА, го освоил Кралскиот Куп на Шпанија, па премина во ПСЖ каде играше со сјајните Роналдињо, Анелка и Џеј-Џеј Окоча (врвна екипа десетина години пред доаѓањето на шеиците).
Почетино играше и на Светско првенство 2002 за Аргентина па се врати во својот Еспањол.
Интересно, стамениот стопер дури 13 пати играл против Барселона и победил само еднаш - во 1997-ма. Но еден од најважните дуели од сите тие 13 средби била онаа во 2004-та.
МЕСИ ДЕБИТИРАШЕ ПРОТИВ ЕСПАЊОЛ
„Првпат слушнав за Меси кога уште бев играч на Еспањол. Знаев дека има некое младо дете кое игра во Барселона од 13 години“, изјавил еднаш Поч.
Во академијата Ла Масија, Меси тренирал и играл три години. Веќе во 2003-та го прекомандуваат во прв тим и на 16 години е активен член на сениорскиот состав.
Во ноември 2003-та година дебитирал на пријателскиот меч против Порто на „Драгао“ кога Мурињо ги водеше „сино-белите“ а тренер на Барселона беше Франк Рајкард. Младиот бисер на Каталонците го носел дресот со број 14 и влегол во игра од клупата за резерви во 71’ минута наместо стоперот Фернандо Наваро.
📖 Once upon a time ...
— FC Barcelona (@FCBarcelona) November 16, 2020
... a 16-year-old boy wonder made his Barça debut in a friendly.
This was #Messi, #OnThisDay in 2003 👇 pic.twitter.com/kLjdnS2E7J
После тоа Лионел тренирал со првиот тим но ниту еднаш не се нашол на клупата за резерви на следните натпревари.
„Рајкард сè правеше многу уредно. Не брзаше со дебито на Лео. Памтам пред мечот (со Еспањол) јас бев во соблекувална. Сите го поддржуваа и му помагаа на Меси. Посебно Роналдињо. Лео многу се срами надвор од теренот но на мечот тоа му помина“, се сеќава некогашниот помошник на Рајкард на клупата на Барса, Еизебио Сакристан.
Во составот на Барселона тогаш на терен истрчаа Хенрик Ларсон, Пујол, Ван Бронхорст, Деко и младите Чави и Самуел Ето.
Во 9’ минута од мечот со Еспањол резултатот го отвори Деко, а во вториот дел Рајкард ги пуштил во игра младинците Меси и Иниеста.
„Минатиот викенд ние игравме против Уеска за Б тимот и тогаш го викнаа Меси во прв тим. Го гледавме мечот на телевизија и викавме кога Лео влезе во игра место Деко. За малку не му даде гол на голманот на Еспањол Камени кој собра една топка во воздух. А како Меси го дриблаше левиот бек Алберто Лопо. Како никој да немаше таму. Уште ме чудеше колку брзо заиграа со Иниеста. Изгледаше како многу одамна да играат заедно“, раскажал за ESPN еднаш Манел Експозито, соиграч на Меси од Барселона Б од 2003 до 2005-та.
А сегашниот тренер на ПСЖ кој играше на официјалното деби на Меси за Барселона, рекол дека не го памти Меси од тој дуел.
„Не памтам како сум играл тогаш против Меси. Јас бев десен стопер а Лео играл на крило. Дури не се ни сретнавме на терен. Он беше сличен на другите млади деца од академијата на Барселона: како Чави, Иниеста или Иван де ла Пења“, се рекол Маурисио Почетино за The Guardian.
Лионел Меси на своето официјално деби за Барселона, на „Монжуик“ кај Еспањол, одиграл вкупно 8 минути. Но им се допаднал на тренерите.
„Водевме 1-0 и решивме да го сменике Деко зошто тоа беше логично. Не ја мислевме таа измена на полувреме и во пар минути решивме да го пуштиме Меси. Испадна забавно. Он веднаш добро заигра и помисливме: „Аха. Значи он може да игра и на натпреварите така сјајно како и на тренинзи“, заклучил помошникот на Рајкард, Сакристан.
Останатото е историја...
ПСЖ ПРЕКУ НОЌ СТИГНА ДО 42 МИЛИОНИ СЛЕДБЕНИЦИ, ДРЕСОВИТЕ НА МЕСИ ОДАТ КАКО АЛВА ВО ПАРИЗ