Името Messi било употребено, твитано или ретвитано 1,18 милиони пати, а името Paris 458.000 пати и тоа измерено во 15:00 часот по Средноевропско време, пред Меси да слета во Париз.
Lionel Messi est arrivé à Paris avec un T-Shirt "Ici c'est Paris".
— la chaine L'Équipe (@lachainelequipe) August 10, 2021
Suivez le direct : https://t.co/aj6u8PknT4 pic.twitter.com/ELcvDFqGD5
Пари Сен Жермен на својот Инстаграм профил пред промоцијата на Аргентинецот имаше 39 милиони фолоувери а сега има 42,7 милиони. Буквално преку ноќ.
Профилот на француската Лига 1 на Твитер исто стигнал до 542.000 следбеници односно се зголемил за 11,429 нови следачи. Буквално Меси уште не заиграл за ПСЖ а клубот и француската лига веќе заработуваат.
Интересно, тренер на Меси во ПСЖ ќе му биде Аргентинецот Маурисио Почетино, некогашниот тренер на Еспањол, Саутемптон и Тотенхем. Поч беше тренер на Еспањол кога Меси дебитираше за Барселона токму против него.
„Среќен сум што ќе почнам ново поглавје во кариерата во ПСЖ. Се во клубот одговара на моите фудбалски амбиции. Знам колку талентиран колектив и тренерски штаб има тука. Во целост сум решен да му помогнам на клубот и на навивачите да создадеме нешто посебно. Со нетрпение ја чекам можноста да излезам на теренот на „Парк на принцовите“, изјави Меси на промоцијата.
Фантастичниот Аргентинец ќе го носи бројот 30 на грбот. Медицинските прегледи поминале успешно, а средени се и сите правни формалности.
„Многу ќе ми биде тешко да го гледам Лео во дрес на друг клуб. Јас подобар играч никогаш не сум видел во животот и мислам дека нема ни да видам“, изјави легендарниот Андрес Иниеста а на неговата изјава дека ќе биде болно да се гледа Меси во друга екипа се надоврза и култниот капитен на Барса, Чави.
КОЛКУ ЌЕ ЗАРАБОТУВА ВО ПАРИЗ?
Според реномираниот The Athletic ПСЖ го потпишал Меси на 2 години и ќе му плаќа по 25 милиони евра годишно плус бонуси. L'Equipe вели дека договорот е на 2 години + можност за уште една и дека Лео ќе добие чисти 40 милиони евра (ако се сметаат даноците во Франција).
Инсајдерот Фабрицио Романо излезе со пресметка од 35 милиони евра годишно за Меси со бонуси (договор 2+1).
Новинарот на L'Equipe Флоран Торшу напиша дека претставниците на Меси и на ПСЖ посебно долго разговарале за распределба на имиџ правата и бонусите (особено во случај на добри резултати). Што повеќе имиџ права за себе задржал Меси, толку пониска плата ќе добие (ако 25 милиони евра годишно може да се сметаат за ниска плата).
Пари Сен Жермен новата сезона на домашен терен ја отвора во сабота, од 21:00 часот игра 2. коло на Лига 1 со Стразбур на домашен терен. Во првото коло кое веќе се одигра, ПСЖ на гости ја совлада Троја со 1:2.
ТРЕНЕР НА МЕСИ СЕГА ЌЕ МУ БИДЕ СОНАРОДНИК ПРОТИВ КОГО ДЕБИТИРАШЕ ПРЕД 17 ГОДИНИ