Каков цар е Почетино, сака на клупската фотографија во финалето да се сликаат и резервите

Во сабота вечер од 21 час во Мадрид ќе се игра големото финале на Лига на шампиони меѓу Ливерпул и Тотенхем. Играчите тренираат, тренерите смислуваат тактики, навивачите спремаат дресови и шалови.

Тренерот на Тотенхем, Маурисио Почетино веќе одлучил дека ќе отстапи од класичниот шаблон со традиционална фотографија пред мечот:

„Сакам да се фотографира не само првиот тим, туку сите 22-23 фудбалери во составот со се резервите, рекол Почетино.

„Мене секогаш ме разочарува тоа што на фотографијата пред мечот се наоѓа само старниот состав. Ако победиш во финале, на постерот ќе се појават само тие 11 играчи, само нив ќе ги викаат победници. Ме беснее фактот што ако на пример некој дечко влезе од клупа, даде два гола и стане херој, но во историјата и на постерите ќе остане само почетниот состав.

По ѓаволите со тоа! Сакам сите мои играчи да се најдат на сликата пред натпреварот. Тоа ќе биде екипата која ќе победи или ќе изгуби. Во 2006 година со Еспањол игравме во финалето на Купот на Шпанија и тогаш го направивме сите заедно истото. Им кажав пред мечот: „Ако победиме, сакам сите да бидете на фотографијата, а не само првите 11. Тоа е неферски!

Вие не може да поверувате колку е важно тоа за фудбалерите. Уште кога бев фудбалер, се борев за тоа право со клубот и организаторите. Сега станав тренер и сакам да го сторам тоа и во финале на Лига на шампиони. Знам дека после и онака пак ќе биде фотографија од стартните 11, но сакам да им кажам на луѓето од клубот: не ја користете таа фотографија, користете ја сликата со целиот состав“, искрено рекол Почетино.

АМА МОЖЕ ЛИ ВАКВО НЕШТО СПОРЕД ПРАВИЛАТА?

Во правилникот на УЕФА за сезоната 2018/2019 никаде не стои ништо за тимската фотографија пред почетокот на мечот. Процедурата за сликање на екипата трае многу кратко (неколку секунди), па Почетино банално може да не успее да го собере целиот тим на брзина. 

Првиот состав обично се слика веднаш после ракувањето со противничките играчи и судиите. Фудбалерите за да се доистегнат и дозагреат обично буквално за една-две секунди се разделуваат по групното фотографирање и трчаат кон своето поле.

Можно е Маурисио да ја нема во вид оваа процедура дека сите ќе се растрчаат, а во спротивно никој не му брани да се слика цела екипа заедно. Не е забрането.

ПРЕД КУПОТ НА ШПАНИЈА ЕСПАЊОЛ СЕ СЛИКАЛ ДВА ПАТИ

Маурисио Почетино два пати го освојувал вредниот пехар од Копа дел Реј - како играч во 2000-та и 2006-та. Во интервјуто пред финалето на ЛШ, тој се сеќавал на победничката фотографија од 2006-та (исто во Мадрид, но на „Бернабеу“). При добро гуглање таа фотографија за која зборува Почетино не може да се најде во архивите.

Еве како изгледа единствената сочувана протоколна фотографија на Еспањол од тоа финале:

Интересно, Почетино можеби зборува за втората варијанта, односно заедничката фотографија од славјето на победата после мечот. На овој натпревар Почетино не влегол во игра, но затоа се нашол на среќната фотографија каде празнуваат трофеј во Купот. Може ли да го најдете?

За негова голема радост, на постерите и сеќавањата на таа победа секогаш го даваат не само првиот тим, туку и сите кои добиле медал - целиот состав.

КАКО ПОЧНАЛА ТРАДИЦИЈАТА ЗА СЛИКАЊЕ НА ПРВИОТ ТИМ?

Подолу може да ги видите можеби најстарите клупски фотографии. На нив се финалистите на првиот официјален турнир во историјата на фудбалот. Кралските инженери и Вондерерс. Се бореле за Купот на Англија, најстарото натпреварување на светот (денес познато како ФА Куп).

Необично, но овие најстари фудбалски групни фотографии делуваат многу поинтересно од денешните. Можеби затоа што за добра слика ти треба 1-2 минути подготовка, а не како денес 1-2 секунди:

За оние попрецизните, на тој 16 март 1872 година, Вондеререс победил со резултат 1:0. Овој клуб 5 пати го освоил Купот на Англија, а инженерите Купот го освоиле во 1875-та година.