Аргентинецот кој важи за најбаран тренер во последниве неколку месеци, а тој реши да остане во Хотспур, по мечот со Евертон изјави:
„Оваа победа од 2:6 ја посветувам на мојата жена Карина. Ѝ ја праќам сета љубов на жена ми и честитам затоа што верувам во универзална енергија. Нема да поверувате, но ние се земавме пред 26 години на денешен ден. Цел ден мислев каков подарок да најдам, и ова е подарокот!“
Pochettino is a true romantic. 😍 pic.twitter.com/iRAkTdpu2S
— BBC Sport (@BBCSport) December 23, 2018
Маурисио за својата сопруга раскажал и во интервјуто и на прес конференцијата после мечот.
***
СЕ ЗАПОЗНАЛЕ БЛАГОДАРЕНИЕ НА ПОБЕДА НА ДЕРБИ НАТПРЕВАР
Во 1991 година Њуелс Олд Бојс чијшто тренер бил легендата Марсело Биелса и за кого играл Маурисио Почетино, во големото градско дерби го прегазил Росарио Сентрал со 4:0.
Вечерта после дербито идниот тренер на Еспањол и Тотенхем заедно со неколку соиграчи решиле да прослават во ноќниот клуб „Стрела“.
Таму биле главни.
„Тоа беше не зошто бевме убави, туку зошто победивме во дербито. Здогледав необично висока русокоса. Помуабетив со неа, но ја забележав и нејзината симпатична пријателка. Тогаш го викнав другар ми и му кажав дека ќе одам да играм. Веќе во следниот момент играв со русокосата девојка, но цела вечер зборував со нејзината пријателка која подоцна ми стана сопруга.“
После пар години од прославата во диско, Маурисио и Карина се земале а самиот Почетино кажал дека за се е „виновна“ победата над Росарио.
ГО НАГОВОРИЛА СОПРУГОТ НА ПРЕМИН ВО АНГЛИЈА
Во животот на Почетино најверен другар освен сопругата му е и неговиот помошник Хесус Перез.
Во 2013 година на Почетино му предложиле да работи во Саутемптон, но тој не знаел да бекне англиски (ни ден-денес не е толку вешт) и бил многу скептичен.
Хесус сфатил дека само Маурисио може да го убеди само жена му Карина. Еднаш после еден тренинг во Барселона (го тренираше Еспањол), Маурисио го убедувале и Карина и Перез. „Мора да одиш во Англија, оваа шанса не се пропушта“, му рекла сопругата.
И Поч ја искористи приликата. Одлично го водеше Саутемптон со голем успех, па пред да потпише со Тотенхем за него се заинтересираа Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.
Ова е уште еден доказ дека жена му добро го советувала.
НЕ ЈА ПУШТАЛ НА СТАДИОН
Во март минатата година Тотенхем играше неверојатно. Карина пропуштила неколку натпревари и суеверниот Маурисио побарал од неа да не доаѓа на стадион зошто од дома му носи среќа. Таа неколку натпревари одгледала дома на телевизија.
Кога Тотенхем со 3:2 го победил Евертон, Маурисио го сменил ставот.
„После тој меч добив смс порака од жена ми: „Што ти е тебе, ти си изгубил глава!“. Кога дојдов дома ме прашуваше за некои моменти на теренот и ѝ кажав свое мислење. Разговаравме после мечот, но не пред мечот“, признал Аргентинецот.
ГО СПОРЕДИЛ ТОТЕНХЕМ СО ЉУБОВ КОН СОПРУГАТА
Во ноември одново се појавија гласини за интерес на Реал Мадрид за Почетино. Тој јасно ги демантирал.
„Се случува да одиш со жена ти по улица. Ти си симпатичен и те гледаат други жени. Но твојата не се лути, туку е горда што има крај неа така убав маж. И ја засакуваш уште повеќе.“
Навивачите на Тотенхем знаат колку Маурисио ја сака својата жена, но кога ќе стигнат неодоливи понуди од Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид не се знае дали ќе го има истиот став.