Со двата освоени трофеи по ред во Лига Европа, Севиља важи за најнепосакуваниот противник во ова натпреварување. Андалузијците се страв и трепет на својот стадион, но затоа кога играат на страна секој ги посакува за ривал.
Викендов, фудбалерите на Севиља ниту во 36. коло од Примера не успеаа да остварат гостинска победа затоа што на гостувањето во Барселона, против послабиот тим од овој град го забележија дури 12. пораз сезонава.
И покрај тоа, Севиља има реални шанси и следната сезона да игра во Лига Европа, турнирот во кој доминираат со години, а сезонава се во полуфиналето со големи изгледи да се борат за трофејот (првиот меч со Шахтјор заврши 2:2).
Поради тоа што дома на својот стадион Рамон Санчез Писхуан имаат 14 победи од 18 меча на табелата се на место кое ги води во Европа. Тоа е неверојатна спротивност на нивните настапи надвор од дома.
Учинокот на Севиља на гости сезонава е: 0-9-9!
Освен нив, ниту една друа екипа од Топ 5 лигите во Европа сезонава нема така негативен рекорд. По бодови освоени на гости полоши од нив се само Леванте и Хетафе, кои сепак имаат по една односно две победи. Севиља во последното коло му гостува на Атлетик Билбао и таму би можеле да го поправат колку толку учинокот, иако во моментов најважна им е Лига Европа.