Адриа Педроса има 20-години, дете е на Еспањол и сезонава веќе одиграл 5 средби. Тренерот му пружи шанса да заигра и против Барселона на „Камп Ноу“, каде мечот со два прекрасни гола го реши Меси.
По завршување на мечот, како што обично бива со секој што игра против Барселона, противничките фудбалери се навртеле околу Аргентинецот, со цел да го земат вредниот дрес кој ќе им остане за спомен цел живот.
Така бекчето Адриа Педроса му пришол на Меси, а Лионел без проблем прифатил да си ги разменат дресовите. Тоа беше причина навивачите на Еспањол (важат за унионисти и лојални на шпанската круна, често се противат на каталонска независност), да го „распнат“ малиот Педроса.
„Што кој ѓавол бараш дрес? Уважувај го грбот на клубот“
„Еден играч од нашиот клуб смрди на измет. Ти не заслужуваш да го носиш дресот, кучкин сине!“
„Ти си гомнар и Јуда“
„Јудо, надвор од нашиот клуб“
Профилите на Педроса биле преполнети со стотици навредливи коментари. Некои дури барале тој да си оди од клубот.
Освен тоа, клубот не застанал во одбрана на Адриа Педроса, напротив, тој вечерва поради казна нема да биде во составот за мечот со Хетафе во Ла Лига.
Каталонскиот новинар Дидак Пиферер за Marca го осудил однесувањето на навивачите на Еспањол:
"Оние кои се сомневаат во приврзаноста на Педроса кон клубот не се во право. Познато е дека размената на дресови меѓу играчите не е тоа што навивачите сакаат да го видат после пораз во дербито, но да кривиш дете на клубот за тоа е грешка. Јас исто би сменил дрес со Меси, и ако тој игра за дург клуб“, напишал Пиферер.
Вакви случаи имаше и во минатото, кога навивачите на Еспањол бурно реагираа ако фудбалер од клубот сменеше дрес со некој играч на Барселона. Тоа што тие се иритирани, може да се должи и на неодамнешното гостување на Жерар Пике во емисијата La Resistencia на каналот Movistar+ кога распалил по Еспањол и навивачите на овој клуб од Барселона.
„Навивачите на Еспањол се многу креативни, смислуваат интересни песни. Пример: „Пике има рогови, Шакира има опашки, син ти е на Вакасо (фудбалер на Алавес и репрезентативец на Гана). Тие решија да употребат се што е можно да не навредат.
Борха (играч на Еспањол), е добар напаѓач. Секој добар напаѓач му прави проблеми на бекот кога си во години. Ама знаеш дека игра за Еспањол и треба да смени клуб (за да ми прави проблеми). Сакам да кажам, тие просто не можат да стигнат до нашиот шеснаесетник“, рекол Пике и на прашањето колку пари заработуваш, одговорил:
„Повеќе отколку што е годишниот буџет на Еспањол. Тие имаат буџет 57 милиони? Јас земам многу повеќе“.