Таг: жерар пике

Касиљас му се сипа на Пике на тема судење во корист на Барса

Не знаеме дали овие податоци му се точни или ги вади од ракав. Како и да е, легендарниот голман на Реал го напаѓа јако сега веќе поранешниот стопер на Барса со кој долго време играа заедно за репрезентација. Муабетот оди вака:

Зад сцената на последниот меч на Пике

Требаше да му биде последен меч на Камп Ноу, но ова му е последен во кариерата, бидејќи поради црвениот вчера против Осасуна, нема да има право да настапи следно коло за Барса. Клупската камера вакви видеа прави само за легендите. Го снимаше уште кога влезе во кола за накај стадион. 615 средби, 30 трофеи. Жерар Пике.

Емотивно збогум на Пике пред преполн Камп Ноу: Тука се родив, тука ќе умрам

После 615 средби, 52 гола и вкупно 30 трофеи со Барселона плус три со Манчестер Јунајтед, како и титула светски и европски првак со Шпанија, Жерар Пике скроз заслужено и со мирна совест ќе го посети пензискиот фонд на 35 години.

Најјакиот гол во кариерата на Пике

Како стопер на Барса, Пике има постигнато 52 гола, ама има еден посебен кога во стилот на Меси му крши кичма на Кордоба, а го легнува и Цезар. Се работи за полуфинале во ЛШ против Интер, сезоната 2009/2010.

Емотивното видео со кое Пике се простува од Барселона и фудбалот

Во сред сезона, сосема неочекувано, Жерар Пике соопштува дека викендов против Алмерија ќе го игра последниот меч на Камп Ноу и воопшто во кариерата. Се работи за продукт на Ла Масија, кој ќе влезе во книгата на легендите на Барселона со која освои сè што можеше, а стана и светски и европски првак со Шпанија. Се повлекува на 35 години, критикуван за игрите во последно време, но горд, со исполнет сон уште од дете, а тоа е Барса.

Капитенот на Барса извади многу интересно видео за кое се зборува

Жерар Пике, капитенот на Барселона кој пред неколку дена се одрекнал од голем дел од платата, со цел клубот да може да ги регистрира новите засилувања, на своите профили на социјалните мрежи објави многу интересно видео. Пред 30 години, како мал го снимаат додека зема автограм од тогашната ѕвезда на Барселона, а сегашен тренер Роналд Куман.

Видео од жестоката кавга меѓу Пике и Гризман

Жерард Пике збесна на 1:1 и почна да пцуе на цел глас дека не направиле ниту еднаш подолг посед на топка, на што реагираше Гризман кој се обиде да го смири. Кој знае што било на 1:4 во соблекувална.

Кордоба од Интер уште го стега грб од рулетот на Пике

Најфамозниот двомеч во клупската историја на Интер во Лига на шампиони. Прво на домашен терен со 3:1 и маестрална партија на Горан Пандев ја згромија Барселона, а на реваншот успеаа да оддолеат и изгубат само со 1:0, доволни Интер да го продолжи патот до триплетата со Мурињо. Единствениот гол на мечот го даде Пике и тоа после добар ролеркостер.

Ватерполистот Естиарте, најдобриот другар и гуру на Гвардиола

Кога камерата во текот на еден пренос го дава во кадар Пеп Гвардиола, речиси никој не знае кој е човекот кој седи или стои во негова близина. Станува збор за икона на шпанското ватерполо, рекордер по број на настапи и голови и личен советник на Пеп Гвардиола со кого освојуваат трофеи насекаде.

Пике кога фаулира, фаулира

Барселона го претрпе најтешкиот пораз досега сезонава откако во 1/4 финалето беше елиминирана во Кралскиот Куп од Атлетик Билбао (1:0). Цела одбрана на Каталонците беше немоќна да го сопре играчот на мечот Ињаки Вилијамс.

Пике намерно заработи жолт, за да ја одработи казната пред Реал

Откако собра 4 жолти картони во досегашниот тек од првенството (за пет добиени се пропушта еден меч поради суспензија), Жерар Пике реши во самиот финиш од мечот со Севиља да ја рогне топката намерно, со цел да го испровоцира судијата Мигел Лахоз да му покаже „жолта карта“ со која што ќе го пропушти мечот со Еибар, па ќе ја исчисти суспензијата за Ел Класико (26 октомври, Камп Ноу).

Нема ти што да менуваш дрес со Меси, казнет си од клубот

Страстите по градското дерби Барселона - Еспањол уште не се стишија. Лионел Меси речиси никогаш не бара дрес, но од него бара секој жив на теренот. По саботното дерби поради тоа навивачите на Еспањол му се сипаа на едно од своите деца.

Пике со одговор во студио му даде гол на Реал Мадрид

Капитенот на Барселона и шпански фудбалски репрезентативец Жерар Пике гостувал во едно ток-шоу. Водителот го прашува да биде искрен, колку пати имал секс во последните месец дена. Пике одговара: „Со сè оној на Сантијаго Бернабеу“?

Кога Пике ќе се напали во напад

Знае стоперот на Барса да се залета во напад како Седловски што правеше во Динамо Загреб. Ама Гоце ги коваше со глава, а Пике влезе во филм, ама во забавена снимка. Смешки.

Пике напаѓачот

Знаете ли кој фудбалер на Барселона има дадено 3 гола на последните 4 средби? Жерар Пике. Можеби ви изгледа смешно и невозможно бидејќи е како пивска флаша, ама цепа напред човекот. Гледајте колку е пробибен, гајле нема, плус јако го мрдна тој во шеснаесет.

Буфон: „Сестра ми има Лига на шампиони, јас немам“

The Players Tribune одново изненади, овојпат со екстра интервју со Буфон кого го испрашува стоперот на Барселона и Шпанија.

Пике а можеш до 10?

Најкомичната сцена на синоќешниот дуел меѓу Депортиво и Барселона (2:4) на кој Каталонците ја заверија титулата, беше потегот или потезите на Жерар Пике кој во еден момент мислеше дека е со другарите во маало.

Како Жерар Пике направи раскол во светскиот тенис?

Во светот на тенисот се судрија различни ставови во однос на идејата за промена на форматот на традиционалниот 118-години стар Дејвис Куп.

Пике и свештеникот од Мурсија

Жерар Пике стана главен херој па дури и на натпреварите на кои не е на теренот. Во Шпанија веќе два дена се зборува за неговата средба со свештеникот пред Мурсија.

Пике ѓубре едно, напушти ја репрезентацијата

Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике го одржа најстресниот тренинг за својата земја кој траеше само 23 минути. И покрај осумте години репрезентативни настапи и освоено Европско и Светско првенство, навивачите бараат да си замине.

Ескалација во Барселона, мечот со Лас Палмас се одложува?

На денот на референдумот за независност на Каталонија, луѓе од управата на Барселона барале одложување на мечот со Лас Палмас предвиден за попладнево на „Камп Ноу“.

Пике во улога на рагбист и ракометар

На Жерар Пике нешто не му оди во одбрана, па почна да си помага со рацете. Првата ситуација беше за црвен картон, а втората за пенал. Скроз го поштедија до двата наврати. Хетафе - Барселона конечни 1:2.