Во сред сезона, сосема неочекувано, Жерар Пике соопштува дека викендов против Алмерија ќе го игра последниот меч на Камп Ноу и воопшто во кариерата. Се работи за продукт на Ла Масија, кој ќе влезе во книгата на легендите на Барселона со која освои сè што можеше, а стана и светски и европски првак со Шпанија. Се повлекува на 35 години, критикуван за игрите во последно време, но горд, со исполнет сон уште од дете, а тоа е Барса.