
Да не мораат сами да ве убиваат, ве заразиле со тоа чекање кое во одржува во живот и полека ве убива. Ќе овенете и исчезнете како што венеле и исчезнувале пред вас толку многу предци и народи во Османлиското Царство, на ист или сличен начин.
Не ни забележале дека од патот на вистиното живеење скршнале кон мртвиот колосек на чекање без крај и цел. Не го чувствуваат тоа свое чекање како товар ниту како понижување, бидејќи и самите се претвориле во чекање.
Да заразиш некого со чекање, тоа е најсигурниот начин да владееш со него, бидејќи тоа значи да го направиш неподвижен и безопасен, потполно и засекогаш. И таа лага со чекањето е поцврста од секој затвор и од секоја прангија. Зашто со многу среќа и вештина од затвор можеш да побегнеш, од окови човек може да се ослободи, ама од таа измама - никогаш ни довека!
Иво Андриќ