Фудбалски натпревар на исклучително важен ден: Барса и Лас Палмас играат или би требало да играат од 16:15 на денот на референдумот којшто шпанската влада го прогласи за нелегален. Уште од отворањето на избирачките места утринава во Барселона имало тензија и проблеми. Секако дека мечот Барса - Лас Палмас нема да биде како секој вообичаен досега на „Камп Ноу“.
Во моментов во шпанската фудбалска федерација се одржува состанок на кој треба да се реши што ќе биде со натпреварот и како би реагирале доколку играчите на Ернесто Валверде не се појават на теренот. Во меѓувреме стигнаа многу реакции од познати лица, па така на пример Карлес Пујол на својот Твитер напишал коментар за референдумот: „Гласањето е демократија“.
Исто мислење истакна и тренерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола: „Јас гласав, преку пошта. Денес не се гласа за независност, туку за демократија. Не бараме независност, туку право на глас. Референдумот е легален“.
Votar es democracia!
— Carles Puyol (@Carles5puyol) October 1, 2017
Денес низ цела Каталонија имало низа проблеми и инциденти а најмногу во Џирона каде се слушнале и истрели од националната полиција (Gguardia nacional) а имало и повредени.
Секретарот на тн. „Влада на Каталонија“ Луис Салвадо на Твитер напиша: „Шпанската полиција го нападна народот на Ла Рапита. Ни права ни демократија“. Се огласи и Чави, легендарниот фудбалер на Барселона кој е гласен во настојувањата за отцепување од Шпанија.
„Ова што се случува во Каталонија е срамота. Незамисливо е во една демократска земја да не може да се гласа. Целосна поддршка за народот кој само сака да си го сочува своето право. Visca Cataunya!“.
После него се јави и најголемиот заговарач на каталонската независност меѓу спортистите, стоперот на Барса, Жерар Пике.
„Јас гласав. Заедно во име на демократијата. Сево ова што се случува е срамота, сликите зборуваат сами за себе“, напиша Пике.
Ja he votat. Junts som imparables defensant la democràcia. pic.twitter.com/mGXf7Qj1TM
— Gerard Piqué (@3gerardpique) October 1, 2017
ЛАС ПАЛМАС ЗА ОБЕДИНЕТА ШПАНИЈА
Денешниот противник на Барселона преку соопштение објави дека на теренот ќе се појави со везено шпанско знаме на дресот во поддршка за целовитоста на земјата: „Со шпанското знаме на нашиот дрес сакаме да се вклучиме во дебатата на која никој не не покани: веруваме во обединета Шпанија. Ќе го направиме ова да му покажеме на светот дека чувствуваме болка за тоа што се случува во Каталонија и со надеж дека овој гест нема да погоди никого“, стои во соопштението на Лас Палмас.
COMUNICADO OFICIAL
— UD Las Palmas (@UDLP_Oficial) October 1, 2017
https://t.co/okzQAcyTj7 pic.twitter.com/5nt9GpjnwX
Инаку Барса барала одложување на мечот, но од шпанската фудбалска федерација изјавиле дека натпреварот регуларно треба да се одигра и дека Барселона ризикува да загуби службено 0-3 ако не се појави на теренот во предвиденото време.