Инспириран од наследството, патеката и корените на клубот, Најк произведе дрес за новата сезона на Барселона во ретро верзија, кој потсетува на оној од 2006/2007. Под грбот стои логото на најголемиот спонзор на клубот „Spotify“. Во уникатното видео се појавуваат три ѕверки.
Претседателот на Барселона Жозеп Бартомеу е под јак притисок од сите страни. Веќе неколку месеци го напаѓаат негови потенцијални наследници, а од вторникот вечер и многу легенди на клубот.
Од денешна перспектива звучи просто неверојатно како Португалецот бил тој кој ги пуштил младинците на Барса „во оган“, а еден гол на нивното деби им дал Тито Виланова кој подоцна стана и тренер на гигантот од Каталонија.
Од лево на десно седат: Самуел Ето, Чави, Икер Касиљас, Карлес Пујол, (ќелавото не го знаеме), Диего Армандо Марадона и Роналдо. Тоа се тие ѕверови од три различни континенти на едно место, во ложата на Лужники во Москва.
На денот на референдумот за независност на Каталонија, луѓе од управата на Барселона барале одложување на мечот со Лас Палмас предвиден за попладнево на „Камп Ноу“.
Серхио Рамос не е единствен шпански дефанзивец кој често влетува во шеснаетник и ја куца во клучни моменти. Слична жичка во главата имаше и Карлес Пујол кого го биваше за позиционирање. Тој заедно со Чави и Виља раскажуваат како на полувремето од полуфиналниот дуел против Германија на СП 2010, договарале испробана комбинација од Барселона. Голот постигнат во 73-та минута е вреден финале.
Голот на Меси синоќа во второто полувреме ја спаси Барселона од нов пораз во Сан Себастијан, место каде Каталонците не знаат за триумф повеќе од една деценија.
На и онака големата врева по социјалните мрежи, шпанската фудбалска федерација фрли бензин во оганот со изјавата на Хавиер Тебас дека „тој лично би се засрамил после таква глума да отиде дома и да ги погледне децата“.
Уште како ученик во школото играл со скршена рака и стопало, никогаш не се предавал и играл до крај. Техниката која што ја поседувал во младинците била на ниво на соиграчите Чави и Фелипе Ортис. Тренерите во Барса Б се скарале поради него. Едни биле да си оди, други да остане.
Легендата на шпанскиот фудбал отишол да седне во едно место во Мексико Сити за да гледа полуфинале, а таму вратарот му кажува дека е полно. Пујол ги догавара другарите и со 4 фори седнуваат на пијалак. И сè во склоп на реклама за Хајнекен во Лигата на шампионите.
Од 2012 до 2015 година дури девет фудбалери кои се производ на легендарната младинска школа Ла Масија, ја напуштиле Барселона и се преселија ширум Европа.
Поранешниот капитен на Барселона неодамна ги посети спортските центри на Милан, Јуве и Интер, а тие треба да учат од неговиот профил на Твитер, како се привлекуваат фанови.