Пујол има повеќе следбеници на Твитер од цела Серија А

Поранешниот капитен на Барселона неодамна ги посети спортските центри на Милан, Јуве и Интер, а тие треба да учат од неговиот профил на Твитер, како се привлекуваат фанови.

Карлес Пујол на Твитер го следат 7,52 милиони луѓе, тоа е далеку од најпопуларниот Кристијано Роналдо кој има 33 милиони, но е подобар од дури 20 колективи, односно сите италијански екипи од прва лига.

Најмногу следбеници на Твитер во Серија А има Милан 2,4 милиони, а потоа е Јувентус со 1,6 милиони. Сите останати екипи не се стасани ниту до милион. Интер има 700.000, Рома 615.000, Наполи 500.000, Фиорентина 235.000, Лацио 200.000...

Сите заедно стигнуваат до бројка од 7,5 милиони, а тоа е околу 200.000 помалку од Пујол. Со него не можат да се носат ниту ѕвездите кои играат во Италија. Тевез на пример има скоро 900.000 следбеници, Погба 1,46 милиони, а Ел Шарави 1,24 милиони. Новиот член на Интер, Лукас Подолски на Твитер го следат 2,42 милиони.

Славниот стопер на Барселона откако заврши со играње, доби раководна функција во клубот, но откако спортскиот директор Андони Зубизарета си поднесе оставка, со него си замина и тој.

Пујол беше гостин во седиштата на Милан, Јуве и Интер, а Италија ја смета за негова втора земја. Тој самиот има изјавено дека е навивач на Милан.

22 јануари 2015 - 15:26