Позадината на најважниот гол во кариерата на Пујол
Серхио Рамос не е единствен шпански дефанзивец кој често влетува во шеснаетник и ја куца во клучни моменти. Слична жичка во главата имаше и Карлес Пујол кого го биваше за позиционирање. Тој заедно со Чави и Виља раскажуваат како на полувремето од полуфиналниот дуел против Германија на СП 2010, договарале испробана комбинација од Барселона. Голот постигнат во 73-та минута е вреден финале.