Ватерполистот Естиарте, најдобриот другар и гуру на Гвардиола

Кога камерата во текот на еден пренос го дава во кадар Пеп Гвардиола, речиси никој не знае кој е човекот кој седи или стои во негова близина. Станува збор за икона на шпанското ватерполо, рекордер по број на настапи и голови и личен советник на Пеп Гвардиола со кого освојуваат трофеи насекаде.

2013-та година, Прага. Баерн Минхен во борба против Челси за Суперкупот на Европа.

Еден од првите негови натпревари на клупата на Баерн и прв кој стигнал до пенали. Пеп бил нервозен. Ги собрал играчите во круг, но наместо војнички мотивационен говор, Гвардиола покажал накај својот помошник - низок маж со густа коса:

„Овој човек е најдобриот изведувач на пенали на светот. Слушнете го него, никој не знае за пенали подобро од него. Он ќе ви каже се.

Сите се свртеле кон Манул Естиарте кој направил мала пауза и почнал:

„Прво, решете кај ќе шутирате и не ја менувајте одлуката. Повторувам: сега решавате и не смеете да се премислите во никој случај. Второ, повторувајте во мислите дека давате гол. Повторете илјада пати ако треба и не прекинувајте додека не шутнете. Не се вртете и не менувајте одлука“.

Фудбалерите на Баерн имаа одлична пенал серија, не погрешија ниеднаш, а Ноер го одбрани пеналот на Лукаку и Баерн го освои пехарот а Мурињо и Челси останаа поразени.

ГО ВИКАЛЕ ВОДНИОТ МАРАДОНА, РЕКОРДЕР Е НА ШПАНИЈА И БИЛ НА 6 ОЛИМПИЈАДИ

Ако сте мислеле дека за најдобар спортист на ХХ век во Каталонија бил избран Јохан Кројф или Пеп Гвардиола, грешите. Ниту пехарите во Лига на шампиони со Барселона не им биле доволни да го надминат легендарниот ватерполист Манул Естиарте.

За ваков статус Естиарте морал да биде најголем. И бил. Во кариерата одиграл 578 меча за Шпанија (рекордот ден-денес е негов) и постигнал 1.561 гол. Тој многу сакал да игра на Олимписки игри па поставил два индивидуални рекорди: 6 Олимпијади и 127 гола.

На 16 години дебитирал за репрезентацијата на Шпанија. На дури три Олимпијади бил капитен на „Фуријата“.

Естиарте беше познат по неговиот моќен индивидуален продор и шут кон голот, реткост во ватерполото:

Врвот на кариерата го достигнал на крајот од ’80-те и почетокот на ’90-те години. Тој е најзаслужен што Шпанија стигнала до кремот на европското ватерполо и играла во финале на Светско и Европско првенство.

Естиарте дури 7 пати бил биран за најдобар ватерполист на светот.

Но и покрај тоа нема ниту едно злато од Олимпијадите, најпочитуваниот турнир во ватерполото и други спортови. На златен пехар не се радувал додека не се запознал со Пеп.

ГВАРДИОЛА И ЕСТИАРТЕ ДРУЖАТ ОД ОЛИМПИЈАДАТА ’92

Патиштата на Пеп Гвардиола и Естиарте долго време оделе паралелно: двајцата се родени во каталонскиот реон Бажес, од детство навивале за Барса и оделе на Камп Ноу. Подоцна и двајцата играле за шпанските репрезентации.

Првпат се сретнале во јуни 1991 година, кога Манул му пришол на Гвардиола во вип ложата на „Камп Ноу“. Се играло последно коло во Ла Лига, Барса играла против Атлетико Мадрид а за титула и требал и пораз на Реал од Тенерифе во исто време. На крај се испаднало како што сакале Каталонците и ја славеле титулата. Еден од луѓето во клубот го повикал Манел во соблекувалната.

„Ми кажаа да почекам пред врата. Стоев пред соблекувална и слушав како урлаат од радост. После Пеп излезе и ме гушна. Од таа вечер почна нашата голема дружба“, се сеќава Естиарте.

Следен пат голема дружба имале на Олимпијадата 1992 во Каталонија, онаа каде се прослави американскиот Дрим Тим со Џордан, Баркли и екипата.

Во шпанската олимписка експедиција имало 9 Каталонци, па Пеп и Манел брзо се здружиле. Разликата во години (Гвардиола е 10 години помлад) не им сметала. Секој ден биле заедно во олимпиското село.

„Неверојатно колку имавме заеднички нешта. Буквално како да сретнав сродна душа“, напишал Мануел во својата автобиографија.

Шпанските фудбалери предводени од Гвардиола го освоија златото а ватерполо репрезентацијата влезе во финале но изгуби од Италија 8:9. Пеп тогаш го зафркавал Естиарте: „Манел, ти играше на четврта Олимпијада и пак не ја освои. Ја првпат и освоив“. Ватерполистот прво се лутел а после сфатил дека Пеп немал лоша намера.

„Ме погодија некако неговите зборови, а после сфатив дека тоа е дел од неговиот карактер, постојано да ги мотивира сите околу него“.

После пар години токму Гвардиола му помогнал на другарот конечно да се израдува на олимпсико злато. Му зборувал отворено за сè, без затегање: „Манул, ти си еден од најдобрите на светот, ама многу егоистично играш. Мислиш само на голови и забораваш на екипата. Така никогаш нема да станеш олимписки шампион“.

Естиарте долго размислувал за овие зборови на Гвардиола и на Олимпијадата 1996 во Атланта светот видел нов Манел.

Водниот Марадона, како што го завикале, се смирил, почнал да игра многу цврсто во одбраната и соло продорите ги заменил со многу асистенции. Не станал најдобар стрелец но првпат во кариерата го освоил златниот пехар на Олимпијада.

ЕСТИАРТЕ БИЛ ЕДЕН ОД РЕТКИТЕ КОИ ГО ПОДДРЖАЛЕ ПЕП КОГА ГО ОБВИНИЈА ЗА ДОПИНГ

По извесно време Гвардиола и Манул станале многу добри другари. Ватерполистот кој играше во Италија, редовно летал до Барселона на Камп Ноу а Пеп често го гледале на базените.

Но во тој период како да им се смениле улогите, па Пеп почесто запаѓал во неволји, а Естиарте, веќе во позни играчки години, полека го смирувал својот карактер.

Во 1997-ма година на мечот против летонскиот Сконто Рига, Пеп доживеал повреда на мускул. Повредата се искомплицирала, мутирала и Пеп ја пропушти речиси цела сезона 1997/1998 во Барселона. Барал прав дијагностичар и ја пропатувал скоро пола Европа и тоа заедно со Манел.

Во 2001 година Пеп Гвардиола неочекувано падна на допинг-тест како играч на Бреша, кога изби скандал со нандролон. Гвардиола му се јавил на Естиарте кој тогаш играше во Пескара и му рекол да му најде адвокат. Во тој момент шпанските и италијански медиуми го распнуваа Гвардиола, а Естиарте верувал дека е невин. Веќе следниот ден дошол со правник кај Пеп дома.

Гвардиола со ноќи ги изучувал сите случаи кога на спортисти им бил пронајден нандролон во крвта.

На почетокот на 2000-те години ватерполистот ја завршил кариерата, се оженил со Италијанка и купил куќа на море. Во 2006-та година Пеп исто стави крај на богатата играчка кариера и постојано бил на гости кај другар му.

Пиеле коктели и зборувале за идните предизвици.

„Пепе, ти скоро ќе станеш тренер на Барселона и секогаш ќе бидеш таму“, му рекол Манел, а Гвардиола одговорил: „Ќе станам тренер на Барса само ако ти бидеш мој помошник“.

Во една таква вечер на Гвардиола му се јавиле на телефон и му понудиле да се врати во клубот. Прво работеше со младинците на Барселона а после пар години стана главен тренер, а негов помошник стана човекот кој живеел во Пескара.

КАКО МАНУЕЛ МУ ЈА СПАСИЛ КАРИЕРАТА НА ПИКЕ И МУ ПОМАГАЛ НА МЕСИ

Естиарте бил назначен за технички соработник во фудбалскиот клуб. Тој бил посредник меѓу екипата и медиумите, водел прес-конференции и решавал кој од играчите ќе излегува пред новинарите.

На барање на Гвардиола, Естиарте ги водел сите настани на тимот и внимателно ги набљудувал емотивните состојби на играчите. Ако Манел приметувал незадоволство кај некој, тогаш брзо зборувал со играчот.

Естиарте вели дека најтешко е да ги убедиш играчите да се доверат на некој од спортот, каде има многу нечесни игри и разни позадински работи.

„Меси на пример еднаш ги прашал соиграчите кој сум и каков сум. Но Чави и Иниеста, Каталонци, точно ме знаеа и му раскажале на Лео за мене. Многу ми помагаа локалните играчи во комуникација со другите“.

Во 2012 година Пике почнал бурен живот надвор од теренот. Познанство со Шакира, се појавувал по насловни страни, влегол во тенисот, почнал свој бизнис. Тоа му се одразило на играта и во февруари таа година Барса изгубила 2:3 од Осасуна. Гвардиола јавно го обвинил Пике за примените голови.

Тогаш Манел ја смирил ситуацијата и 20 минути разговарал со Пике.

„Играчите многу го сакаат него, знаеа дека во секој момент можат да му пријдат, да му кажат за проблемите и тој да помогне“, кажал еден извор за ESPN.

Еднаш пред финалето на Лига на шампиони 2008 во хотел во Рим, доцна вечерта на Манел му заѕвонел телефонот во соба. „Може ли да дојдете до кај мене, имам проблем“?, рекол со исплашен глас Меси.

Манел се вознемирил и веднаш отишол кај најдобриот фудбалер на светот. Се испоставило дека е некој приватен проблем, а Естиарте набрзо го советувал Меси кој се смирил. Следната вечер Лионел го реши финалето со прекрасен гол, еден од најубавите во неговата кариера.

Кај Гвардиола играчите оделе поради фудбалски проблеми, а кај Манел за проблеми од лична природа. 

Подоцна Гвардиола го водеше со себе Естиарте во секој клуб. Го цени како негов добар пријател и личен советник. Познато е дека Пеп е жесток на теренот и често треба да носи тешки одлуки (Ибра и Ето), а секогаш се советувал со Естиарте.

„Тој ми помага да го гледам фудбалот со други очи. Некогаш треба да донесам тешка одлука за некој играч, а Манел ме советува да го направам тоа или тоа. Тој ми помага да сфатам дека со сите играчи треба поинаков однос. Не може со сите исто. Тоа многу ми помогна“, признал еднаш Гвардиола.

Манел е како личен „консиљере“ на Пеп. За легендарниот ватерполист пишувал и Андреа Пирло во својата автобиографија:

„Во 2010-та година, после пријателската Барса - Милан, во соблекувална кај мене дојде верниот советник на Гвардиола. Таа вечер Пеп како да прати таен агент кој во минатото беше најдобар ватерполист. Тој како да е вториот човек во историјата кој можел да оди по вода“.

Денес во Манчестер Сити, Гвардиола заедно со Естиарте и Чики Бегиристаин се среќаваат на вечера и разговараат за екипата.

Манел и натаму доаѓа на прес-конференциите каде понекогаш го заменува Гвардиола, а кога англиските новинари му поставуваат прашање, тој се врти кон преведувач.