Таг: ватерполо

Во Дубровник на пристаниште се одржува „Дива лига“ во ватерполопо страсно поддржана од ултраси

Налетавме на видео со навивачка атмосфера од ватерполо натпревар на пристаниште во туристичката атракција Дубровник. Не се работи за некоја моментална фешта. Тоа да ти било со традиција од над 100 години.

Пречек на олимписки првак на српски начин

Лондон 2012 - бронза, Рио 2016 - злато, Токио 2020 - злато, Париз 2024 - злато. Најтрофејниот олимпиец Душан Мандиќ се врати дома откако го доби балканското дерби против Хрватска во финалето на Олимписките игри. Го пречекаа со сите нишани.

Сте виделе ли вие гол со шрауба вреден титула?

Паралелно со Европското ракометно првенство, во Дубровник се одигра Европско во ватерполо кое заврши на спектакуларен начин. Алваро Гранадос во последната минута од финалето и донесе злато на Шпанија со маестрален погодок и тоа против домаќинот Хрватска.

Србија е олимписки шампион во ватерполо, одбрането златото од Рио

Ватерполистите на Србија во големото финале на ЛОИ 2020 во Токио ја совладаа Грција со 13:10 (6:3, 4:2, 2:2, 3:1) и заслужено го одбранија тронот.

За ватерполистот од Струга кој бранел добро само на еден гол

Имаме нова анегдота од Миленко. Оваа е бајаги постара од претходната, од времето кога пристаништата во Охрид и Струга служеле за ватерполо на овие два клуба. Дознајте зошто голманот во Струга бранел добро само на еден гол, само во едно полувреме и само на домашен терен.

Турски ватерполо циркуз

Чекај бе, ние мислевме дека сме врвот во ова и го критикувавме Кратово. Па таму барем имаше зелена површина, а ова е како да играш во бара и не можеш ни фор да и дадеш на топката, а не па да ја додадеш. Најјакото е што судијата вели терај, супер е за игра, а копачките им пливаат во вода.

Ватерполистот Естиарте, најдобриот другар и гуру на Гвардиола

Кога камерата во текот на еден пренос го дава во кадар Пеп Гвардиола, речиси никој не знае кој е човекот кој седи или стои во негова близина. Станува збор за икона на шпанското ватерполо, рекордер по број на настапи и голови и личен советник на Пеп Гвардиола со кого освојуваат трофеи насекаде.

Корејките го дадоа првиот гол и се расплакаа од среќа

Откако изгубија рекордно високо 64:0 од Унгарија, корејските ватерполистки денес играа против Русија. Изгубија 30:1, а историскиот гол кој го дадоа го прославија како да е шампионски.

Унгарски ватерполистки ја победиле Јужна Кореа 64:0

На Светското првенство во водни спортови 2019 кое се одржува во корејски Кванџу, унгарските ватерполистки поставија рекорд кој тешко некој да го урне во догледно време. Шеесет и четири пати ја погодија мрежата на Јужнокорејките кои склопиле екипа на еден месец пред Купот.

Навивач турна ватерполо судија во базен

За време на мечот Војводина - Црвена звезда од втората регионална лига во ватерполо, при резултат 7-7, по една судиска одлука, еден од гледачите го фрли во вода судијата Марко Матијевиќ од Загреб. Мечот беше прекинат и не се доигра а напаѓачот беше приведен од полиција.

Двојазично ватерполо со албанско знаме

Официјалната церемонија за ждрепката на паровите за Светското првенство во ватерполо помина со скандал затоа што на графичкиот приказ на групите покрај името на Црна Гора стоеше знамето на Албанија.

Индонезиско ватерполо млатење

Масовна тепачка се случи на ватерполо дуел на индонезиските национални игри. Навивачите револтирани од некои судиски одлуки почнале да фрлаат шишиња во водата, а во хаотичната ситуација во базенот летаа тупаници на сите страни.

А где је паркет?

Почнува со регуларната сала за кошарка во Белградска Арена, завршува со олимписки базен со европското првенство во ватерполо Белград 2016. Сето измеѓу го има во видеово.

Кога ќе се измешаат фудбал и ватерполо

Фудбал на вода мислевме дека е дозволено само на балканскиве простори, а не и во француската прва лига каде проблеми во напад имаше Брајан Дабо од Монпеље.

Дозволен ли е ваков гол во ватерполо?

Германецот Тони сигурно има некоја поврзаност со фудбал бидејќи на ватерполо натпревар во Дебрецин ја употреби ногата.

Голманска ватерполо мајсторија

Црвена Звезда ја совлада екипата на Раднички од Крагуевац со 12:11 и тоа со голот на голманот Денис Шефик кој упати удар од очај преку цел базен во последната секунда од финалето на купот на Србија.

Најстариот олимписки шампион не успорува на 98 години

Шандор Тарикс со своите 98 години е најстариот жив олимписки шампион кој го освои златото во ватерполо постигнувајќи седум гола против Германија и тоа пред очите на Адолф Хитлер на Олимписките игри во Берлин во 1936-та година.

Гол од пола базен

На фудбалските терени сме виделе многу голови од пола терен, но такви мајстории се прават и во базен на ватерполо натпревари.