Унгарките славеа 64:0 и го урнаа рекордот стар 25 години кој го држеа Хрватите кои на Светското првенство 1994 година во Рим го разбија Нов Зеланд со 38:1.
Но женската ватерполо репрезентација на Кореа има големо алиби и сосема е во ред да им се оддаде признание што воопшто учествуваат: Јужна Кореја до годинава немала ватерполо селекција.
Со оглед на тоа што е домаќин на Светскиот куп во водени спортови, Јужна Кореја сакала да има претставнички и во женско ватерполо па еден месец пред почетокот на турнирот, собрале поранешни и сегашни пливачки за да играат ватерполо.
За маката да им биде поголема, овие девојки пливале само на кратки, а ватерполото е спорт кој трае 32 минути (4 дела по 8 минути). Покрај тоа, капитенката на Јужна Кореја, О Хи Жи има 23 години, а сите останати се родени во 2000-те години. Првиот тренинг селекцијата го имала на 2 јуни, на само 6 недели пред стартот на Светскиот Куп.
Пред мечот голманката и капитенка О Хи Жи рекла дека би сакала да дадат макар еден гол и да не изгубат повеќе од 32 гола разлика.
Но Унгарите биле безмилосни. Тие важат за една од најдобрите селекции на светот (и машко и женско ватерполо). Дале гол после само 12 секунди од стартот. Во трета минута веќе било 5:0 и натаму Унгарките давале гол буквално на секои 30 секунди. Корејските голманки О Хи Жи и Ким Мин Џу фатиле само три удари.
„После мечот си кажавме дека следниот пат ќе бидеме подобри. Ние сме млада екипа. Мене ми беше чест да играм против репрезентација, која до скоро ја гледавме само на Јутјуб. Многу се појаки отколку што мислевме“, рекла Сон Хе Сео.
Селекторот на Унгарија, легендарниот Атила Биро се правдал:
„Барав од девојките да не играат многу напорно. Тоа беше лесен меч за нас, но не можев да побарам: „Не им давајте голови“.
Од друга страна, селекторот на Корејките, Џин Ман Кен достојно го прифатил резултатот: „Сакам да им се заблагодарам на унгарските репрезентативки. Ако не играа како што знаат, разликата ќе беше помала, но тоа немаше да биде прав натпревар. Гордс сум на својата екипа. Задоволен сум како се трудеа. Обично треба да се исплива во просек по 1.600 метри, а повеќето од нив претходно пливаа само кратки дистанци. Но ниедна не се предава - сите се спремни да покажат уште на следниот меч“.
А следниот меч им е во вторник против Русинките.