Таг: Јужна Кореја

Старбаксот што прв ќе биде бомбардиран

Бомбардирањето е хипотетичко, ама Старбаксот не е. Во Јужна Кореја се отвори Старбакс на самиот брег од реката Хан која ги дели Северот и Југот, со директен поглед на Северна Кореја.

Селфи на Јужна и Северна Кореја во Париз на кинеска иницијатива

Претставниците во пинг понг на двете соседни и не баш пријателски земји, во духот на спортот и олимпизмот, ги собира на заедничка фотографија, кинеската освојувачка на златен медал, Сун Јингша.

Јужна Кореја е 75.000 долари сериозна за нови бебиња

Јужнокорејски компании решени да го запрат драматичниот пад на новороденчиња во земјата почнаа да даваат бонуси од 75.000 долари на семејствата кои имаат деца.

Сеул да бира, сака кучиња во чинија или кучиња на улица

Јужнокорејските одгледувачи на кучиња за јадење се заканија дека ќе пуштат два милиона кучиња на улиците на Сеул доколку владата ја воведе забраната за јадење кучешко месо. Во останатите вести, во Јужна Кореја има два милиони кучиња што чекаат да бидат изедени.

Камала на празен гол почна да промашува

За малку од малку да ѝ го реанимираат рејтингот, на потпретеседателката на САД почнаа да ѝ ги местат најлесните обврски. Пример, додека Пелоси на 200 години ризикува почеток на војна со Кина, Камала доби задача да ја посети Јужна Кореја, да каже протоколарни збор-два и ако може, да не го згреши домаќинот. Толку.

Јужна Кореја, посвој нè

На камионџија во возење му се истура целиот товар гајби со пиво. Камионџијата застанува и не јаучи и пцуе сè до трето колено, туку почнува да го расчистува хаосот. Луѓето што се најдоа таму не седат на страна и да фаќаат сеир туку фатија и тие да чистат. Колите што минуваат не ги оптоварија свирките и не направија непроодна гужва, туку педантно го заобиколија хаосот. Јужна Кореја, посвој нè.

Се огласи Кореецот кој го избркаа од Перуџа затоа што ја исфрли Италија од Светско

И Јужна Кореја има свој Трајковски. Ѕвезди како Тоти, Виери, Дел Пјеро и компанија ги елиминираше на СП во нокаут фаза. Голема болка на Италијанците стара 20 години.

Професорот кој го собира и чита севернокорејското ѓубре

Од амбалажа за благца до пакетчиња нудли, професор Канг Донг-ван собира отпад кој се трупа на брегот на Јужна Кореја, а морето го носи од онаа Северната. Притоа, она што го наоѓа разбива стереотипи, но и укажува на еколошки и други проблеми за кои малку се зборува кога се во прашање овие две земји.

Речиси ставен крај на Корејската војна

Нешто кое цел свет го смета дека завршило пред 70 години, всушност цело ова време да ти имало само привремен статус на примирје, ама кај да е ќе биде трајно решено со ставање формален крај на војната од 1950-та.

Може ќе ви се најде за во Јужна Кореја

Не им се смешкајте на Корејци по улица.

Јужнокорејска дилема: Дали уште да јадеме кучиња?

Низ текот на години се повеќе ресторани во Јужна Кореја престанаа да служат кучешко месо, меѓутоа на анкетите мнозинството од народот се противи на законска забрана за јадење кучешко.

Легендата Парк Џи Сунг побара од навивачите да не пеат дека Кореанците јадат кучешко месо

Како што имаат за Роналдо, за Евра, за Рој Кин, за Кантона и Немања Видиќ, така навивачите на Манчестер Јунајтед имаат и една песна посветена на нивниот идол од Кореа, само што е навредлива за цел еден народ и за навивачите на Ливерпул.

Што знае стопер што се 40 метри?

Фудбалерот од Јужна Кореја, Парк Тае-со даде еврогол од 40 метри од слободен удар во фудбалската лига на Малезија. Овој гол може да влезе меѓу кандидатите за наградата Пушкаш. Тае постигна страшен погодок за својот клуб Сабах и израмни на 1-1 на мечот против Петалинг Џаја Сити во Купот на Малезија.

Како Јужна Кореја е толку добра во справување со коронавирусот?

Да, де, и тие се луѓе и ние сме луѓе, и тука отприлика застануваат сите сличности меѓу нас и нив (па и остатокот од светот и нив).

Северна Кореја знае како се почнува 'рчка

Целосно намерно и планирано, Северна Кореја ја крена во воздух заедничката канцеларија за врски со Јужна Кореја, која се наоѓа во близина на пограничниот град Каесонг.

Како Јужна Кореја излезе извонредно добра против ковид-19?

Пред 7 недели Јужна Кореја и САД имаат ист број на смртни случаи од ковид-19. Денес, Јужна Кореја (на 52 милиона луѓе) има вкупно околу 300 смртни случаи од вирусот, САД имаат над 70.000 смртни случаи од вирусот.

Сиромашните ќе видат ќар од „Паразит“

Откако ги пукна глобален срам, јужнокорејските власти ќе им реновираат по дома на сиромашни семејства во Сеул кои живеат во подруми налик семејството од „Паразит“ за да ги унапредат нивните услови за живот,

Јужнокорејски професори си ги потпишувале децата како ко-автори на научни статии

Нешто ни тргна со Јужна Кореја, па да продолжиме со социјалните прилики во оваа земја. Овој пат во академските води.

Без публика и без камери, после 29 години во Пјонгјанг играа Северна и Јужна Кореа

Додека во Европа се играат квалификации за Европско 2020, во Азија веќе почнаа квалификациите за Светско 2022.

Кореецот што го прати најдобриот стопер на светот по хот-дог со сенф од страна

Ливерпул и Салцбург синоќа одиграа спектакуларен меч во Лига на шампиони, а европскиот првак на крај се спасуваше и победи со 4:3 откако Австријците од 3:1 се вратија целосно во игра.

Ама сте се договориле да го тролате Роналдо ако дадете гол

На пријателска меѓу ѕвездите од К лигата во Јужна Кореа и Јувентус, италијанскиот шампион истрча со Счесни, Де Лихт, Пјаниќ, Манџукиќ, Ругани, Кансело, Бернардески, Емре Чан, Игуаин и двајца младинци. Ама ни тоа не им помогна, па губеа 3-1 после 70 минути игра. После вториот гол на Сеисиња, го тролаа Роналдо кој направи чуден израз на лицето.

Унгарски ватерполистки ја победиле Јужна Кореа 64:0

На Светското првенство во водни спортови 2019 кое се одржува во корејски Кванџу, унгарските ватерполистки поставија рекорд кој тешко некој да го урне во догледно време. Шеесет и четири пати ја погодија мрежата на Јужнокорејките кои склопиле екипа на еден месец пред Купот.