Северна и Јужна Кореја, САД и Кина во принцип се согласиле да прогласат на крај на Корејската војна, меѓутоа преговорите треба допрва да почнат заради барањата на Северна Кореја.
Од сите четири страни, за крајот на војната најзаинтересиран е претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае Ин, кој низ цело свое претседателство се бори за приближување со Северот и конечен крај на војната.
Од страна на Северот проект лидер е сестрата на Ким Џонг Ун, која порача дека државата е отворена за преговори, но само ако САД прекинат со „непријателската политика“ кон нив. Под непријателска подразбираат санкциите од САД, плус американските војници во Јужна Кореја. САД остануваат на ставот дека Северна Кореја мора да се откаже од нуклеарната програма пред да продолжи.
Аргументот со кој Мун сака да го надмине ваквиот застој е дека формалното ставање крај на војната ќе го поттикне Северот да се откаже од нуклеарното оружје.
Последното на темата од САД е од октомври кога советникот за национална безбедност Џејк Саливен порача дека САД „може имаат нешто поразлична перспектива за точната секвенца или тајмингот за условите за различните чекори“ за постигнување на согласност околу декларацијата.
Кинескиот став беше пренесен од јужнокорејската новинска агенција Јонхап, според која Кина ја ветува својата поддршка „за да се истурка декларацијата за крајот на војната“.
Од јуни 1950 до јули 1953 во Корејската војна на двете страни загинаа 5 милиони војници и цивили.