Ај вака

Нешто многу си дозволуваат луѓе да кажуваат што смее, што не смее. Ред е да се разбереме околу дозволени и недозволени работи и еднаш засекогаш да разграничиме што е во ред, а што не. Малку е поразително што мора ова да се повторува, ама па кога ќе се излае некој јавно како е нешто неприфатливо (затоа што му го вреѓа префинетиот вкус, уредно одгледуван со години во неговата детска соба), ај.

Не смееш:

  • Да штетиш на било кое живо суштество (вклучувајќи се и себеси)
  • Да правиш нешто незаконско

Смееш:

  • Да прашаш, ако не ти е јасно
  • Да побараш помош ако не ти успева

(и никој не смее да те прави глуп)

  • Да си ја споделиш храната на Инстаграм
  • Да си ја споделиш модната комбинација на Инстаграм
  • И мачето
  • И кучето
  • По сто пати
  • И што си купил/а
  • И слика од теретана
  • Да снимаш влогови
  • Да носиш кратко, без разлика што си дебел/а
  • Да носиш сѐ, ама БУКВАЛНО сѐ што ти се свиѓа, без разлика што имаш над 40, 50, 60, 70 и така натаму години
  • Да имаш долга коса
  • Кратка коса
  • Андеркат
  • Ладна
  • Пирсови
  • Тетоважи
  • Цело тело со тетоважи
  • Ич тетоважи
  • Да носиш анимал принт
  • Да излезеш во хеланки
  • Да постираш селфи на Твитер
  • Слика од книга на плажа
  • Нозете подизгоренки и сликани ко виршли на плажа
  • Слика од “кафенце” со “Добро утро!” секое сабајле

(ако на некој му смета, нека не гледа)

  • Смееш да се здебелиш
  • Да ослабнеш

(и никој не смее ништо да ти каже)

  • Да бидеш во врска со кој сакаш
  • Да се омажиш втор пат
  • Трет пат
  • Седми пат
  • Да се разведеш
  • Да родиш само едно дете
  • Да родиш пет
  • Да не родиш ич
  • Да живееш сам/а

(и никој да не смее ништо да ти каже)

  • Да одиш по пижами до локална продавница
  • Да згрешиш
  • Да запишеш факултет на 40
  • Да дадеш отказ без разлика што платата е добра
  • Да кажеш не
  • Да носиш неспоиви работи (види ја Ријана)
  • Да носиш грди работи
  • Нонстоп да си дотеран/а
  • Никогаш да не си дотеран/а
  • Да плачеш
  • Да не одговориш на прашање ако не ти се одговара
  • Да се гордееш со успех
  • Да споделуваш успеси

(на кој не му се свиѓа, нека не гледа)

  • Да кажеш ‘фала’ на комплимент, без скромност
  • Да бидеш уверен во своите способности и да заработуваш од нив
  • Да пишуваш статуси, статии, твитови, пораки на која тема сакаш
  • Јавно да си го споделуваш животот
  • Воопшто да не си го споделуваш животот
  • Да носиш штикли од 15 цм во парк
  • Да носиш патики на работа

(што имаат другите со тоа?!)

  • Да се дотераш за на Водно
  • Да не се шминкаш никогаш
  • Да се шминкаш после операција
  • Да не одговараш на пораки
  • Да читаш што сакаш
  • Да гледаш што сакаш
  • Да слушаш што сакаш

(паметно би ти било да читаш, гледаш и слушаш квалитетно, ама - што и да ти прави ќеиф)

  • Да се фарбаш
  • Да се шеташ со бели влакна
  • Да ставиш филери
  • Да направиш пластична операција
  • Да не смениш ништо на себе и да бидеш воодушевен/а од себе

(и никој ништо не смее да ти каже)

  • Да си го одржуваш домот како што ти одговара
  • Исто и социјалните мрежи
  • Исто и која и да е твоја платформа
  • Смееш и да судиш и да трачариш, ама ако другиот не прави никаква штета, тоа СЀ УШТЕ не е твоја работа (и паметно би било да го задржиш тоа за себе)
  • Смееш да пееш во кола
  • Да бидеш себичен/на
  • Да одиш сам/а на одмор
  • Да смениш кариера после многу години
  • Да уживаш без да мораш да објаснуваш зошто и да учествуваш во “не бива” муабети затоа што ти е незгодно од сопственото задоволство од ситните и крупните работи во животот.

Ете.

И не мораш да се извинуваш.

Ако на некој не му одговараат сите овие работи што смееш да ги правиш и притоа не кршиш ниеден закон и не штетиш на никого, тој некој престанува да биде битен.

Убав ден.

~Јана

24 јули 2020 - 16:06