Таг: северна кореја

Старбаксот што прв ќе биде бомбардиран

Бомбардирањето е хипотетичко, ама Старбаксот не е. Во Јужна Кореја се отвори Старбакс на самиот брег од реката Хан која ги дели Северот и Југот, со директен поглед на Северна Кореја.

Како коментатор од Северна Кореја реагираше на гол за светска титула на неговата земја?

Северна Кореја ја совлада Јапонија со 1:0 во финалето на Светското првенство за жени до 20 години. Коментаторот мислиш на парастос го пратиле.

Селфи на Јужна и Северна Кореја во Париз на кинеска иницијатива

Претставниците во пинг понг на двете соседни и не баш пријателски земји, во духот на спортот и олимпизмот, ги собира на заедничка фотографија, кинеската освојувачка на златен медал, Сун Јингша.

Северна Кореја ја сотре Европа

Само Северна Кореја многу поуспешно ги пополни руските залихи со артилериска муниција, отколку што сите неспоредливо побогати и поиндустријализирани членки на Европската унија успеаа да и се најдат на Украина во однос на клучната муниција на фронтот.

Севернокорејската опозиција почна да добива на снага

На последните локални избори во Северна Кореја се појавиле гласови против кандидатите пријавени од Работничката партија на Кореја, и тоа најмногу во последните 50 години. Да ви дојде срце на место, кандидатите на Работничката партија сепак победиле со над 99% од гласовите.

Севернокорејците добија мисија од владетелот

Граѓаните на Северна Кореја во претстојниот период имаат света должност да ги заштитат сите портрети од Ким Џонг-ун пред пристигнувањето на бурата Канун, која треба да удри на земјата со тешки дождови и силни ветрови.

Ким им кажа „фала“ на докторите

Во мај годинава Северна Кореја за прв пат пријави случај на ковид-19 во земјата. Веќе сме август и Ким Џонг Ун излезе да прогласи победа, да каже дека го искорениле ковидот и да им се заблагодари на докторите.

Северна Кореја липташе за јунаштвото на Ким Џонг Ун

Истовремено со сите глобални катастрофи што периодов се случуваат, во Северна Кореја се одвивала најважната човечка драма за земјата - Ким Јонг Ун фатил ковид. Без гајле, добар е, ама како што ќе соопшти сестра му, големиот лидер изгубил чувство за мирис и вкус, што посебно тешко им падна на севернокорејските министри и парламентарци.

Северна Кореја славеше роденден

110 години од раѓањето на основачот Ким Ил Сунг.

Професорот кој го собира и чита севернокорејското ѓубре

Од амбалажа за благца до пакетчиња нудли, професор Канг Донг-ван собира отпад кој се трупа на брегот на Јужна Кореја, а морето го носи од онаа Северната. Притоа, она што го наоѓа разбива стереотипи, но и укажува на еколошки и други проблеми за кои малку се зборува кога се во прашање овие две земји.

Речиси ставен крај на Корејската војна

Нешто кое цел свет го смета дека завршило пред 70 години, всушност цело ова време да ти имало само привремен статус на примирје, ама кај да е ќе биде трајно решено со ставање формален крај на војната од 1950-та.

Војската му покажа на Ким Џонг Ун колку ќотек може да издржи

Пред цела трибина накитени генерали, функционери и најважниот човек во Северна Кореја, некои од  најподготвените војници на армијата покажаа на што се окоравувале периодов.

Како Северна Кореја за малку ќе украдеше 1 милијарда долари

На севернокорејските хакери им останаа уште 81 милион долари да бидат префрлени од Националната банка на Бангладеш пред комплетирање на трансферот од речиси милијарда долари кога од чиста случајност операцијата била прекината заради расипан принтер.

Северна Кореја, најголемиот ограбувач на банки во светот

Со украдени милијарди долари од банки, единиците за сајбер-војна на кореанската армија се многу подиректна и поитна закана отколку нејзината забранета нуклеарна програма.

Северна Кореја знае како се почнува 'рчка

Целосно намерно и планирано, Северна Кореја ја крена во воздух заедничката канцеларија за врски со Јужна Кореја, која се наоѓа во близина на пограничниот град Каесонг.

Првиот северно-корејски роман објавен на англиски

„Пријател“ од Паек Намнјонг во Северна Кореја била издадена прв пат во 1988. Триесет години подоцна, таа станува првиот севернокорејски роман кој е објавен на англиски, од престижниот издавач Коламбија јуниверзити прес.

Без публика и без камери, после 29 години во Пјонгјанг играа Северна и Јужна Кореа

Додека во Европа се играат квалификации за Европско 2020, во Азија веќе почнаа квалификациите за Светско 2022.

Кога Северна Кореа сакала да трампа во НБА висок кошаркар за пченица

Пред повеќе од 20 години, еден симпатичен млад човек имал шанса да стане првиот Севернокореец во историјата кој заиграл во НБА лигата. Ама лошите политички односи меѓу САД и С. Кореја влијаеле високиот Ри да не го оствари сонот.

Северна Кореја се наполни пари од хакирање по свет

Хакирањето странски финансиски институции и компании е претворено во доходовна гранка за севернокорејскиот буџет, поточно за неговата воена програма, покажуваат тајни документи на О.Н. што ги објавува Ројтерс.

Хуавеи фатен зацапан во Северна Кореја

Примирјето околу кинескиот гигант заврши деновиве со текст од Вашингтон пост во кој се објавува дека Хуавеи последниве години работел на повеќе проекти во Северна Кореја, вклучително и изградба на нивната мобилна мрежа.

Од каде му се лимузините на Ким Јонг Ун?

Земјата е под секакви санкции уште од првиот ден на своето постоење, а Јонг Ун не пропушта на секое патување во странство да покаже што нова лимузина успеал да купи.

Вратија се Шиме

Додуша овој Шиме е доста наклонет кон геноцид и веројатно локалците попрво би он да не се врати, ама кога веќе е дојден ред е да го пречекаат како што треба.