Таг: северна кореја

Што потпишаа Ким и Трамп

Трамп вети безбедносни гаранции за Демократска народна република Кореја, Ким Јонг Ун вети комплетна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров. Светот среќен.

Северот доби УСБ од Југот

На УСБ-то што Ким Јонг-ун го добива од јужнокорејскиот претседател има презентација и е-книга со нацрт како Северна Кореја повторно да се поврзе со остатокот од светот.

Ким Јонг-Ун: оставете ме на раат и ќе бидете раат од мене

Претседателот на Северот на својот колега од Југот му порачал дека комплетно ќе се откаже од нуклеарното оружје ако САД и формално потпишат крај на Корејската војна и дадат ветување дека веќе никогаш нема да ја нападнат Северна Кореја.

Ич да не ја мислите, Кореја никогаш не се обединува

Репортер на улица на Сеул прави анкета меѓу тамошните пешаци, дали се за обединување на двете Кореи. Сума сумарум не им смета народот од Северот, ама некако парите не им се делат со нив.

Фетишизацијата на Ким Јо Јонг

Атлантик ја нарекува „дипломатија на ниски очекувања“ а во неа овој пат победи Северна Кореја која откако со месеци се закануваше со уништување на својот близнак држава, само затоа што испрати спортисти и навивачки, доби позитивен публицитет „кој требаше да биде резервиран за Јужна Кореја, која ја организираше, ја плати и е домаќин на Олимпијадата.“

Од Северна во Јужна Кореа дошле и навивачки кои прекрасно пеат

Најнеобична поддршка на ЗОИ во Пјонгчанг се 230 навивачки на Северна Кореа кои дошле на Игрите облечени во исти палта и црни шапки.

Како изгледа еден фудбалски меч во Северна Кореја

Англиски новинар се обидува да долови атмосфера од земја каде не е така лесно да се биде гостин и присуствува на квалификациски меч за азиски Куп меѓу Северна Кореја и Либан. Стадионот е полн, сите се скоцкани во бели кошули и црвени кравати, забрането е да се сликаат џандари, нема продажба на навивачки реквизити, тешко се стигнува до било ваква информација.

Што може една севернокорејска ракета да му направи на Лос Анџелес?

Форбс пишува дека САД треба да почнат да размислуваат во поконкретни термини за можноста од напад од Северна Кореја. Би било тоа класично ширење милитантна параноја додека не ви текне дека на едната страна на клацкалката седи некој како Ким а на другата некој како Трамп.

Северна Кореја е порационална отколку што ја мислите

Без разлика како изгледа лудилото на кој и да управува со Северна Кореја, на секој тамошен владетел му е кристално јасно дека напаѓање на САД со нуклеарки без сомнеж ќе резултира со одговор кој неизбежно ќе ја претвори земјата во еден џиновски кратер.

Олимпијадата 2018 во Северна Кореја?

Иако нам ни делува светлосни години далеку помирувањето меѓу Јужна и Северна Кореја, двете земји имаат еден куп заеднички појавувања на големите спортски настани и тоа под обединето знаме, а еднаш освоиле и златен медал на Олимпијада.

Северна Кореја отвори - улица

Изминативе десетина дена главна информација од Пјонгјанг беше дека на 13-ти април во градот ќе се случи "голем и важен настан" на кој беа поканети новинари од цел свет, и на кој ќе биде присутен лично Ким Јонг-Ун. И се случи, отворање улица со згради.

Првиот Северно Кореец кој даде гол во топ лига

Со голот на мечот Каљари - Торино, Кванг-Сон Хан стана првиот фудбалер во историјата од Северна Кореја којшто дал гол во една од Топ 5 лигите во Европа и претставник на 35-та земја кој дал гол во Серија А.

23-те збора на Тилерсон за Северна Кореја

Традиционално по неколку месеци силење Северна Кореја имаше уште едно лансирање на ракета со среден домет. Вон сите традиции од кога се памети за спорот, државниот секретар на САД имаше пократка реакција на ова отколку воведот на текстов.

Јонг-Нам отруен со најмоќниот нервен агенс познат на човештвото

Супстанцата со која е отруен Ким Јонг-Нам се води како VX нервен агенс (ethyl N-2-Diisopropylaminoethyl Methylphosphonothiolate), хемиско соединение кое О.Н. го класификува како оружје за масовно уништување.

Митот за вулканот што му пресуди на Ким Јонг-Нам

На 13 февруари во Куала Лумпур беше убиен постариот полубрат на Ким Јонг-Ун, од две жени од кои едната носи маичка натпис „LOL“. Според јужнокорејското разузнавање, атентатот е планиран од лидерот на Северна Кореја, кој инаку никогаш го нема сретнато својот полубрат.

Северна Кореја: Магбет со нуклеарки

Првиот човек на Северот е очаен, неговата граница за ризикување е ниска, и тој има опасни оружја, сето ова е застрашувачки микс, пишува Гордон Чанг во Дејли Бист.

Сопругата на Ким Јонг-ун 7 месеци ја нема во јавност

Да не беше севернокорејскиот лидер склон кон егзекутирање на членови на семејството сите муабети ќе завршеа на тоа дека г-ѓа Ким е трудна па се пази по дома, вака сега треба да се објаснува со шпекулации за нејзино затворање или смрт.

Северна Кореја има само 28 веб-страни

На светско ниво има над 140 милиони чисти .com или .net домени, плус тука се милиони и милиони веб-страни што завршуваат со доменот на земјата, пример .mk за Македонија, .cn за Кина или .de за Германија. На доменот .kp регистрирани се вкупно 28 домејни.

Игра рокенрол цела Северна Кореја

Прославата на национално ниво, нарачана директно од човекот, е по повод празникот на војската и успешното лансирање проектил. На настанот му претходеше и соодветна закана до Сеул и Вашингтон дека ќе бидат претворени во "купишта пепел."

Кој ја сака сестрата на шефот?

Сестрата е 29-годишната Ким Јо-Џонг, шефот е 33 годишниот семоќен господар на Северна Кореја Ким Јонг-Ун, кој тргнувајќи од старата корејска поговорка "после 30 ни ѓаволот нема да те омажи" реши да организира натпревар за избор на зет.

Северна Кореја вежба воена авијација

Се што треба да знаете пред почеток е дека ова е автентично видео, објавено од северно корејските медиуми, од обука на воената авијација на земјата. По видеово веќе ништо нема да биде исто.