Програмата на журката е составена од масовни танци низ цела земја, а Пјонгјанг доби и серија концерти на отворено. Лансирањето ракета од подморница на државната телевизија беше поздравено како "џиновски скок во воената технологија на Северна Кореја."
Слична ваква журка имаше и во јануари годинава, кога се танцуваше по успешното тестирање на хидрогенска бомба.
Во исто време, Југот заедно со САД спроведува воени вежби во близина на демилитаризираната зона, по што почнаа да се шират гласини дека вежбите вклучувале обука за инвазија на Северот. Дел од реакцијата на Северот е зголемување на телевизиската минутажа за репортажи и документарци за подготвеноста на севернокорејската армија.