Инфото е сосема случајно откриено откако северно-корејските администратори ја грешат конфигурацијата на домејн серверот, и оставаат неговата содржина да биде достапна за секого што знае да ја извади.
Иако и претходно никој немаше грандиозни очекувања од интернет сферата во Северна Кореја, сепак никој не ни претпоставува дека бројот на сајтови ќе биде помал од 50.
Процената е дека најголемиот дел од сајтовите се банални, и дека се само дел од пропагандата. На пример на сајтот на официјалниот весник на северно-корејската комунистичка партија, има вести и наслови како Ким Јонг Ун им испраќа честитки на професорите, или дека криминалот поврзан со наркотици бележи раст меѓу јужно-корејската младина.
Меѓу сајтовите има нешто налик клон на Фејсбук, кој се води под домејнот friend.com.kp, portal.net.kp e клон на Јаху, и нешто како клон пиратскиот сајт movie4k, кој таму е достапен под korfilm.com.kp.
Откако списокот со корејските сајтови беше објавен, најголемиот дел од нив паднаа заради неочекуваниот сообраќај од надвор од земјата.